Софија - Катанија - Софија. 8 дена / 7 ноќевања авионска програма

Like dokumenter
УПАТСТВО. Дигитално потпишување документи во MS Office

Туризам, принципи и практика. Доц. д-р Сашко Граматниковски M-р Марина Стојмирова

Матрица претставува правоаголна или квадратна шема од броеви и се запишува: Ред 1

Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Природно математички факултет. Институт за математика БОЕЊЕ ГРАФОВИ. Април, 2016 година

Digital HD DVB-C Set Top Box

Samsung каталог. проектори. дигитални рамки за слики. HDTV монитори

PROMOTIVNI PROIZVODI

Упатство за користење на Е Дневникот

ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Приемник кој вe воведува во новиот свет на HD резолуција УПАТСТВО. ЗА ДИГАТЕЛЕН САТЕЛИТСКИ ПРИЕМНИК hd dvb-s2

Ви благодариме. Ви благодарам за уште едно неверојатно Глобално рели и за тоа што навистина го претворивте во уникатно доживување.

Осигурување. Детеминирање на осигурувањето. Асс М р Христина Танеска

Упатство за користење на програмата. oxpriemen

Твојата најдобра верзија

ИЗВЕШТАЈ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ПОСЕТАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕНА ОД ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ

Оваа постапка се повторува се додека сите темиња не ги приклучиме во множеството U.

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Подготовката и печатењето на публикацијата е финансиски подржано од Фондацијата отворено општество Македонија - ФООМ

БИОМОЛЕКУЛИ НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ. III ДЕЛ 2016 НАТАША РИСТОВСКА ИНСТИТУТ ПО ХЕМИЈА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

5. РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА (одговори) 9.одделение

РАЗВОЈОТ НА ПРОМЕНИТЕ ВО СЕСТРИНСТВОТО. Панова Гордана,Панова Б.Шуманов Ѓ.Величкова Н.Николовска Л.

Корисничко упатство. Контакт телефон: 02/15-600

Модернистички пристап-маршал Маклуан

Текстот е извадок од ТРЕТ национален план за климатски промени :

Масло за 4-тактни мотори. Стапете во контакт со Информативниот центар за отрови

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

VODI^ ZA ORGANSKO PROIZVODSTVO NA SOJA Prof. d-r Qup~o MIHAJLOV

Не биди пречка -патеката е за мечка

ДОЈРАН. ОПШТИНА ДОЈРАН Бр.01

ВОДИЧ ЗА ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Регулатива, мониторинг и примена

Среда, 29 карт 1967 БЕЛГРАД 208.

ANTI-AGING = БАВНО ДА СТАРЕЕМЕ

Обнова на возниот парк и искуство со новите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ. Чалоски Марко, дипл.маш.инж. Скопје,

Искористете го животот до максимум. Добредојдовте во светот на KIA.

Осигурување. Логистика. Асс М р Христина Танеска

С О Д Р Ж И Н А. Број 128 Год. LXV Четврток, 22 октомври 2009 Цена на овој број е 220 денари.

СР ЂА Н ВИД РИ Ћ, рођен у Зрењан ин у. П и ше есе је и к њи жев н у к ри т и к у, о б ја в љу је у пе ри о д и ц и.

ЧУВСТАТА ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НЕГОВИТЕО ДЕЛА ОСТАНУВААТ ВО ДУШАТА

Новиот Dacia Duster, добредојдовте во реалниот свет.

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори. Под притисок на флуид се подразбира сила што делува на единица површина.

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Вторник, 22 февруари 2000 Скопје. а) Моторни бензини. в) Масло за горење - екстра лесно (ЕЛ)

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама директор Дома здравља Др Јован Јовановић Змај Стара Пазова, доноси следећу:

Алкини АЛКИНИ. Органска хемија применета во фармација Институт за применета хемија и фармацевтски анализи Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

УКАЗ ЗАКОН ЗИ.

ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ Избор на проекти финансирани од ЕУ

Предмет: I - Измена и допуна конкурсне документације за ЈНВВ 02/2016 МАТЕРИЈАЛ ЗА ДИЈАЛИЗУ

(upublisert, april 2007) (необјављена песма, април 2007)

Откријте го светот на геосинтетиците. Каталог на производи

Проф. Д-р Елисавета Стикова Институт за јавно здравје на Република Македонија УКИМ - Медицински Факултет, Скопје

СИ МА ГРК. Да вид Ал ба ха ри

spoj na umetnosta НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СВЕЧЕНО ЈА pрими ДОЛЖНОСТА ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

I. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Република Македонија

А К Т У Е Л Н А П И ТА ЊА РЕ СТ И Т У Ц И Ј Е У СР БИ Ј И

СОВЕТ НА ЕВРОПА ЧУВАР НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА РЕЗИМЕ

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ГОДИНА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

/ Свим понуђачима који су преузели конкурсну документацију за јавну набавку 14/2017

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ БИТОЛА

НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА 44.

2 Класификација на зградите

РАЧУНАРСКА ТЕХНИКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИЗБОРНИХ ПРЕДМЕТА ПРВЕ ГОДИНЕ ШКОЛСКA 2016/17. ГОДИНУ

Аутомобиле СК Ексклузивен увозник за Македонија и Косово

ДВ код ТС Београд 20, јун 2015.

ИСТРАЖИВАЧ ЈЕ ПРИСУТАН: ХРАНА КАО ТЕМА И ПОВОД ЗА РАЗГОВОР И РАЗМИШЉАЊЕ

Струја 230V 400V 230V 400V

ОДЛУКУ о додели уговора

ЕЛЕКТРОНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ТРЕЋЕГ РАЗРЕДА

Хитно мењати Устав. Вода највећи проблем Страна 15. Терапијски врт, први у Србији. Irig. у овом броју: ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ЈЕШИЋ ПАРАДОКС У ЈАСКУ:

ZA SVIKUVAWE NA 17 TO GODI{NO SOBRANIE NA AKCIONERITE NA SKOPSKI PAZAR A.D. SO PREDLOG NA DNEVEN RED

КАТАЛОГ АЛАТИ 2013 / 2014

Mål for økta. 1) Få innblikk i utfordringer knyttet til matematikkfaget ved Hellerud vgs (situasjonsbeskrivelse)

САДРЖАЈ 5. ОБРАЗАЦ СТРУКТУРЕ ПОНУЂЕНЕ ЦЕНЕ СА УПУТСТВОМ КАКО ДА СЕ ПОПУНИ 6. ИЗЈАВА ПОНУЂАЧА ДА ЋЕ ИЗВРШЕЊЕ НАБАВКЕ ДЕЛИМИЧНО ПОВЕРИТИ ПОДИЗВОЂАЧУ

ПОШТАР. Безбедност и здравље на раду Вишак запослених: Која су моја права

СТУ ДЕН ТИ СА СЕ ЛА АР НЕА ГАР БОР ГА: ИЗ МЕ ЂУ СТВАР НОГ И ФИК ТИВ НОГ

СТЕЛС Оптовая торговля изделиями из натурального камня т Дмитрий, т Александр.

j UNI CEF-a Да нас је ве о ма ва жан дан за оп шти ну Ста ра Па зо ва, Куглаш Игор Ковачић првак света! Irig

Обојене Петријеве мреже

Mål for økta. 1) Få innblikk i utfordringer knyttet til matematikkfaget ved Hellerud vgs (situasjonsbeskrivelse)

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈУ ИВАЊИЦА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ПРАВИЛНИК О ПОСТУПКУ УНУТРАШЊЕГ УЗБУЊИВАЊА

Психосоцијални аспекти страбизма

НО ВИ РЕ А ЛИ ЗАМ У СРП СКОМ ФИЛ МУ

Ко му нал на по ли ци ја

Бо го слов ски аспек ти у при по вет ка ма про то је ре ја Ни ко ле Ми ло ви ћа

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА у поступку јавне набавке мале вредности добара Оригинални тонери, Редни број набавке: М-4/16

Зим ни ца. На пијачним тезгама и ове јесени. У Инђији аутлет центар Страна 2. Туристички цвет Засавици Страна 5. Комшија удавио лекарку Страна 6.

За кон. Но ве од ред бе За ко на о са о браћа. Полицајци суспендовани, тужилаштво на потезу. Инцидент у митровачкој прехрамбено - шумарској школи

Sensorveiledning for eksamen i RUS H

ЈП САВА ЦЕНТАР Нови Београд Милентија Поповића 9 К О Н К У Р С Н А Д О К У М Е Н Т А Ц И Ј А. Јавна набавка мале вредности број 35/17

Прилог 1. уз тачку 1. Одлуке Агенције О.бр.ОД- 111/10 од године 1. ИЗВЕШТАЈ О СТАЊУ УКУПНИХ И ОСИГУРАНИХ ДЕПОЗИТА ЗА

Програм завршног испита у основном образовању и васпитању

ОПШТИНА БАЈИНА БАШТА ОПШТИНСКА УПРАВА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ УСЛУГА: УСЛУГЕ ОДРЖАВАЊА АУТОМОБИЛА ЈАВНА НАБАВКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ

ДВАДЕСЕТ ДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

Фа бри ка. За вид на про дук тив ност, из во зно. У Сремској Митровици кривичне пријаве против одговорних због потенцијалне еколошке опасности

Смернице за преузимање резултата теста Годишње провере знања

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

Преглед и промене XML-a шифарника који се користе при електронском фактурисању медицинско-техничких помагала верзија 1.0.2

САКАГИЈА (MALLEUS) ЗООНОЗА У СРБИЈИ ОД Др сци. вет. мед. Зо ран Јев тић Секција за историју медицине Српског лекарског друштва

Transkript:

Лиценца А, рег. Бр. 677 ДТТУ Арт оф Травел ДОО Скопје Ул. Лондонска бр. 2, лок. 17а, 1000 Скопје Тел/факс: ++ 389 2 305 1 905 Е-mail: info@artoftravel.mk web:artoftravel.mk Сицилија Hotel Sporting Baia **** Giardini Naxos Софија - Катанија - Софија 8 дена / 7 ноќевања авионска програма Опис на хотелот: Sporting Baia 4* се наоѓа во јужното одморалиште Џардини Наксос на првата линија на крајбрежнита улица Via Lungomare Schisò, на само неколку чекори од песочната плажа. Во непосредна близина, на околу 3 минути пешачење од хотелот се наоѓа автобуска станица, од каде има редовен транспорт до центарот на Таормина. Цената е околу 1,90 евра во еден правец, 3 евра за повратен билет. Растојанието до Таормина е 8 километри и патувањето до таму трае околу 20 мин. Аеродромот во Катанија е на само 59 километри. Хотелот располага со затворен базен, велнес центар, фитнес сала, ресторан, обезбедуван и отворен паркинг. Појадок: шведска маса од 07:00 до 09:30 часот. Вклучува слатки и солени кроасани, бисквити, разновидни колачи, јогурт, јајца, шунка, салами и сирење; кафе и сок од автомат. Вечера: Се служи од 19:00 до 21:00 часот. Салатите се нудат на бифе маса, а главното јадење се сервира по мени, кое се избира истиот ден при појадокот. Менито вклучува јадења од локална и интернационална кујна. Собите се пространи и опремени со мебел и теписон. Сите соби имаат купатило со туш, клима уред (од 15.06 до 15.09), телевизор, мал фрижидер, сеф, фен. Постои можност за избор на супериор соби со поглед море или стандардни соби со поглед на внатрешната улицата "Via Naxos". Спроти хотелот се наоѓа песочна плажа на прекрасното одморалиште Џардини Наксос со слободна и зона со плаќање. Користење на еден чадор и две лежалки - 15 евра (цена од март, 2017). Плажата е песочна, што ја прави погодна за деца. Сицилија е мешавина од прекрасна природа, историски споменици, неповторлива кујна, со квалитетно вино, чисто и мирно море и изобилство од сончеви зраци. Шармантна и мистериозна... Сицилија Ве очекува! Ден 1 Софија - Катанија - Џардини Наксос Поаѓање во 20:25 од Терминал 1 на аеродромот во Софија со директен лет на Wizz Air. Слетување на аеродромот во Катанија во 21:15 ч. Трансфер до хотелот. Сместување. Вечера. Ноќевање.

Ден 2 Појадок. Информативен состанок со нашиот претставник на лице место. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Полудневна екскурзија од Од брег до брег. Поаѓање од хотелот кон Џардини Наксос. Заминување од пристаништето со туристичко бротче. Кратко едрење покрај живописните брегови северно од одморалиштето ќе ве однесе до убавиот остров Изола Бела. Во овој заштитен морски резерват ќе имате можност да посетите неколку пештери (Сината пештера, Пештерата на вљубените и други). Можност да пливате во прекрасните морски води или едноставно да уживате во жешкото сицилијанско сонце. Можете да се освежите со овошјето, закусите и пијалоците понудени на бродот. Потоа, морската прошетка продолжува до заливот Капотаормина за нуркање и посета на Пештерата на денот. Враќање назад кон пристаништето на Jardini Naxos, каде што завршува ова мини крстарење. Ден 3 Палермо - Монреале Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Палермо и Монреале. Екскурзијата започнува со посета на главниот град на Сицилија - Палермо, чија архитектура ги обединува сите стилови кои ја одразуваат испреплетената и богата историја на градот. Единствено во Палермо се задржани траги од влијанието на сите медитерански народи - феникијци, грци, римјани, арапи и нормани, шпанци и французи. За време на пешачката прошетка во градот се гледаат: "Порта Нуова", норманската палата "Палацо де нормани" со прекрасната "Капела Палатина"; Катедралата Успение на пресвета Богородица ; Плоштадот Quatro Kanti ; плоштад Преторија со Фонтаната на срамот; црквата Ла Марторана, каде што фреските, византиските мозаици и барокот се слеваат во хармонично ремек-дело; Театро Масимо - најголемата лирична сцена во Италија. Слободно време со можност за самостојно разгледување на градот и посета на некои од неговите знаменитостите - црквата "Свети Каталдо" катакомбите на капуцините, пазарот "Ла Вучирија" кој потсетува на арапските пазари еден светол и жив спектакл. Екскурзијата продолжува кон град Монреал, кој е сместен на рид и од кој се открива прекрасен поглед на Палермо. Посета на познатата катедрала "Санта Марија Нуова", која ќе ве импресионира со позлатени мозаици, кои претставуваат сцени од Библијата на површина од околу 6.000 м2. Слободно време за прошетка низ уличките и чудесните дуќанчиња на Монреале. Можност за самостојно разгледување на 228-те колонади од стариот бенедиктински манастир, на кои се изгравирани религиозни и митолошки мотиви. *Во катедралите и црквите се влегува само со покриени раменици, деколте и колена! * Влезниците за објектите, кои се посетуваат групно, за време на прошетката или самостојно во слободното време, се плаќаат индивидуално на лице место: за црквата Марторана - 2 евра; за Театро Масимо - 8 евра, за катакомбите на капуцините - 6 евра; за Монреалската катедрала - 4 евра. Ден 4 Етна - Таормина Појадок. Ручек. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Етна и Таормина. Поаѓање од хотелот кон највисокиот вулкан во Европа и еден од најактивните вулкани во светот - величествената Етна. Локалното

население ја нарекува планината над планините, а старогрчкиот поет Пиндар ја опишал како столб на кој се крепи небото. За време на искачувањето со автобус на падините на вулканот до 1900 метри надморска височина ќе уживате во прекрасни пејзажи. Ова е местото каде што ќе ги видите страничните кратери на вулканот. Местото каде автобусот ја остава групата е многу раздвижено и нуди различни можности за забава. Бројните дуќанчиња со своите сувенири од лава ги повикуваат туристите. Овде ќе можете да пробате ароматичен ликер "Огнот на Етна" или да купите од вкусниот мед од Ѕаферана, можете да се забавувате во 7D-кино, да ги "истражите" страничните кратери "Силвестри" и се разбира, да уживате во сицилијански ручек. Тука се наоѓа станицата "Сапинеца", каде со доплата љубителите на адреналин можат да се искачат со жичница и џипови до подножјето на централните кратери на вулканот (доплата дополнително на лице место: 63 EUR за возрасен / 43 EUR за дете). Попладне поаѓање за Таормина - бисерот на Јонското Море. Познатото сицилијанско одморалиште е основано во 400. година пр. Христос, на ридот над морето од бегалците од крајбрежниот грчки град Наксос. Искучителната положба на Таормина ви овозможува прекрасна панорама, од каде што се гледа секоја точка на градот. Автобусот ја остава групата во подножјето на градот, од каде со бесплатен градски автобус се пристигнува до срцето на градот. Слободно време за индивидуална прошетка во Таормина. Градот привлекува со своите знаменитости, кои сведочат за неговата долга историја и нуди различни можности за забава. Овде ќе можете да се запознаете со знаменитостите на Таормина - фантастичниот грчки театар, остатоците од римскиот Одеон, плоштад "9 април", плоштадот "Дуомо" со катедралата и Фонтана со кентаур, да се прошетате низ малите романтични улички на градот, да ги видите мноштвото продавници, во кои ќе најдете традиционална рачно изработена чипка, накит од корали, керамика, да уживате во исклучителниот вкус на домашни колачи и омилениот италијански сладолед или да уживате во некое од прекрасните кафулиња каде служат италијанско кафе. Ден 5 Сиракуза - Ното Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Ното и Сиракуза. Рано заминување за градот Сиракуза - најпознатата грчка колонија на Медитеранот и родно место на Архимед. Цицерон вели дека Сиракуза е "највеличенствениот грчки град и најубав од сите". Разглед со локален водич на историскиот центар, лоциран на островот Ортиџа, кој е под заштита на УНЕСКО: Храмот на Аполон - најстариот дорски храм на Сицилија, од 6 в. Пр. Христос.; Плоштадот Архимед ; плоштадот "Ил Дуомо" со прекрасната катедрала и црквата "Света Лучија", каде се наоѓа и оригиналот на едно од најголемите платна на Караваџо "Погребот на Света Лучија"; изворот на Аретуса, кој се поврзува со легендата за вечната љубов. Во слободното време ќе имате можност за индивидуална посета на музејот "Белломо" или за прошетка во пристанишната тврдина на Сиракуза "Кастело Маниаче" од 13 в. Попладне заминување за Ното - вистински скапоцен камен на барокната архитектура под заштита на УНЕСКО. Пешачки разглед во Ното: катедралата на Ното и доворецот "Палацо Николачи" - зградата на богати трговци со туна со најубавите барокни балкони на светот, цркви со соседните кон нив поранешни манастирски згради. Слободно време со можност за посета на палатата Палацо Николачи. * Влезници за објектите кои се посетуваат групно за време на прошетката или самостојно во слободното време, се плаќаат индивидуално на место: за катедралата во Сиракуза - 2 евра; за Музејот на Беломо - 8 евра; за Палацо Николачи - 4 евра Ден 6 Модика - Шикли

Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Модика и Шикли. Посета на прекрасниот барокен град Модика кој уште се нарекува и "Градот на скалите" поради неговата интересна висинска локација и стотици скали кои водат од долниот до горниот дел од градот. Во минатото, Модика била важен политички, економски и културен центар, а денес е еден од најинтересните и најпрепознатливите градови на Сицилија. Историскиот центар на градот е вклучен во списокот на светското наследство на УНЕСКО. Модика ги привлекува туристите со специфично производство на чоколади со рецепт, кој го донеле шпанските освојувачи. Овде можете да најдете чоколадо со лута пиперка, бадеми, цимет, лимон, сол и многу други вкусови. Поаѓање за Шикли, градот на режисерот на серискиот филм Инспектор Монталбано. Овде се снимени некои од сцените. Прошетка по главната улица "Франческо Мормина Пена" со најубавите барокни градби во градот: палати, цркви, јавни згради, обични приватни домови. Ден 7 Долината на храмовите во Агриџенто - Скала деи Турки - Таормина Појадок. Слободно време. Вечера. Ноќевање. По желба и претходна резервација: Целодневна екскурзија до Долината на храмовите во Агриџенто и Скала де Турки. Посета на долината на Храмовите блиску до Агриџенто, дел од светското наследство на УНЕСКО. Разглед на остатоците од девет антички грчки храмови кои датираат од V век п.н.е., посветени на боговите Хера, Зевс, Херкулес, храмот Конкордија. Агриџенто е основано во 6 век п.н.е. од доселениците од блиската колонија, Џила, наречена Акрагас. Старогрчкиот поет Пиндар го нарекува "најубавиот град на смртници". Познатиот грчки филозоф Емпедокле (490-430 п.н.е.) е роден во Акрагас. Многуте руини во долината и остатоците од седумте храмови ја докажуваат својата милениумска историја. Тие се сметаат за најубави грчки остатоци надвор од Грција. Посета на Scala dei Turchi, која се наоѓа на брегот блиску до Агриџенто и во близина на Порто Емпедокле. Овој феномен наликува на скали кои водат кон брегот и поврзуваат две прекрасни плажи. Природата ја оформила со морските бранови и ветерот, низ милениумите. Денес таа е една од најпосетуваните туристички атракции. * Влезници за долината на храмовите - 10 евра за лица над 18 години (плаќање на лице место). Се препорачува лесна облека, капи и средства за заштита од сонце! ИЛИ Полудневна "Cook yourself" екскурзија. Пречек од шеф/готвач/ Масимо со италијанско кафе. Посета на пазарот Таормина, каде што ќе научите интересни факти за традиционалните производи и како да ги подготвите. Откако ќе дознаете доволно, ќе ги купите производите што ви се потребни за вашиот рецепт и по пристигнувањето во ресторанот ќе добиете престилка за готвење за да ја завршите работата - подготвувајќи домашни свежи тестенини по традиционален рецепт. Потоа ќе подготвите домашна капоната со зеленчук од пазарот и други традиционални јадења, како што се свежи сардини и многу други. Сите напори ќе бидат крунисани со дегустација од сите подготвени деликатеси, придружени со ароматични сицилијански ликери и вина. Цената вклучува кафе и минерална вода. На крајот од авантурата, сите учесници ќе добијат оригинален рецепт на англиски јазик и сертификат за учество од шефот Масимо. Ден 8 Џардини Наксос - Катанија - Софија Појадок. Напуштање на хотелот. Поаѓање за Катанија - пешачка прошетка низ центарот на градот (вклучена во цената). Трансфер

до аеродромот. Заминување за Бугарија во 21:55 ч. Слетување на аеродром Софија во 00:35 часот. ЦЕНИ И ДАТУМИ Наведените цени се по лице за соодветното сместување. 03.06.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 515 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 545 EUR 10.06.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 519 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 549 EUR 17.06.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 529 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 565 EUR 24.06.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 539 EUR 01.07.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 565 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 625 EUR

08.07.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 570 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 640 EUR 15.07.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 590 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 660 EUR 26.08.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 590 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 660 EUR 02.09.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 565 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 625 EUR 09.09.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 560 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 615 EUR 16.09.2018 г. Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 555 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 610 EUR 23.09.2018 г.

Sporting Baia Двокреветна стандардна соба 549 EUR Sporting Baia Двокреветна супериор соба 609 EUR ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: Авионска карта Софија - Катанија - Софија за директен лет на авиокомпанија Wizz Air со вклучени аеродромски такси; Рачен багаж до 10 кг (55x40x23 см) и чекиран багаж до 20 кг; Трансфер аеродром - хотел - аеродром; 7 ноќевања со вклучен појадок - шведска маса и вечера со избор мени. Вечерата на денот на пристигнување е ланч пакет. Пешачки разглед во Катанија; Патничко осигурување со покритие до 30 000 EUR на осигурителна компанија "Сава осигурување" Асистенција за време на целиот престој, Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 = 62мкд. ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: Туристичка такса: 2 EUR по лице на ден (се плаќа на рецепција и е одредена од локалната општинска администрација); Пијалоци за време на вечерата Дополнителни услуги и екскурзии според програмата; Влезници за музеи, локации и настани за време на екскурзии и други опционални посети; Бакшиш за водич / возач Градски и локален превоз; Трошоци од лична природа; ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ Целодневна екскурзија до Етна и Таормина минимум 20 лица деца под 11 год - 18.00 возрасни - 36.00 Целодневна екскурзија до Сиракуза и Ното на бугарски језик / минимум 20 лица деца под 11 год - 27.00 возрасни - 54.00 Целодневна посета на Палермо и Монреал /минимум 20 лица деца под 11 год - 31.00 возрасни - 62.00 Целодневна екскурзија до Агриџенто и Скала деи Турк /минимум 20 лица деца под 11 год - 24.00 возрасни - 48.00 Целодневна екскурзија до Модика и Шикли /минимум 20 лица деца под 11 год - 24.00 возрасни - 48.00 Полудневна екскурзија "Од брег до брег" /минимум 20 лица деца под 11 год - 22.00 возрасни - 44.00

Полудневна приготви сам /Cook yourself/ патување за минимум 10 лица 80.00 Пакет од 4 екскурзии: 10% попуст од вкупниот износ 0.00 Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнување + аеродромски трансфер - хотел (цена за двокреветна соба) Специјална услуга: Ноќевање во хотел Хемус *** по пристигнувањето + аеродромски трансфер - хотел (цена за еднокреветна соба) 15.00 28.00 КОРИСНИ ИНФОРМАЦИИ Пакетните цени и цените на дополнителните услуги се со вклучен попуст за рани резервации и се валидни за резервации направени до 21.02.2018 г. Од оперативни причини, ограничен број на кабински багаж може да се транспортира во авионската кабина. Ако има премногу багаж, можеби ќе треба да се стави во багажниот простор. Деца под 2-годишна возраст, без кревет и седиште во авионот, плаќаат само авионски такси во износ од 50 евра. Деца со наполнети 2 години ако не користат кревет плаќаат 226 евра Услови за резервација: депозит 35% од основната цена + вредноста на бараните дополнителни услуги при резервација; доплата - до 40 дена пред датумот на заминување. Откажување: До 31 ден пред датумот на заминување - 35% од основната цена; од 30-тиот ден до денот на поаѓање - 100% од вкупната цена! Организаторот го задржува правото да ja смени цената, правците и распоредот или да помести патувања за друг ден, кога климатските услови го налагаат тоа, за да се гарантира безбедноста и квалитетот на услугата. Медицински и здравствени услови: Италија нема медицински и здравствени барања поврзани со патувањето. Визно-пасошки режим: Биометриски пасош со рок на важност подолг од планираниот престој во странство. За одредени држави е потребно патната исправа да има валидност најмалку 6 месеци подолга од почетниот период на патување. За реализација на патувањето потребен е минимум 40 пријавени патници.