Не биди пречка -патеката е за мечка

Like dokumenter
Матрица претставува правоаголна или квадратна шема од броеви и се запишува: Ред 1

Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Природно математички факултет. Институт за математика БОЕЊЕ ГРАФОВИ. Април, 2016 година

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

УПАТСТВО. Дигитално потпишување документи во MS Office

Оваа постапка се повторува се додека сите темиња не ги приклучиме во множеството U.

5. РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА (одговори) 9.одделение

VODI^ ZA ORGANSKO PROIZVODSTVO NA SOJA Prof. d-r Qup~o MIHAJLOV

Туризам, принципи и практика. Доц. д-р Сашко Граматниковски M-р Марина Стојмирова

Модернистички пристап-маршал Маклуан

Подготовката и печатењето на публикацијата е финансиски подржано од Фондацијата отворено општество Македонија - ФООМ

Текстот е извадок од ТРЕТ национален план за климатски промени :

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Упатство за користење на Е Дневникот

Осигурување. Детеминирање на осигурувањето. Асс М р Христина Танеска

Ви благодариме. Ви благодарам за уште едно неверојатно Глобално рели и за тоа што навистина го претворивте во уникатно доживување.

ИЗВЕШТАЈ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ПОСЕТАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕНА ОД ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Република Македонија

ДОЈРАН. ОПШТИНА ДОЈРАН Бр.01

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ Избор на проекти финансирани од ЕУ

Осигурување. Логистика. Асс М р Христина Танеска

ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

РАЗВОЈОТ НА ПРОМЕНИТЕ ВО СЕСТРИНСТВОТО. Панова Гордана,Панова Б.Шуманов Ѓ.Величкова Н.Николовска Л.

ЧУВСТАТА ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НЕГОВИТЕО ДЕЛА ОСТАНУВААТ ВО ДУШАТА

ANTI-AGING = БАВНО ДА СТАРЕЕМЕ

БИОМОЛЕКУЛИ НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ. III ДЕЛ 2016 НАТАША РИСТОВСКА ИНСТИТУТ ПО ХЕМИЈА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

Масло за 4-тактни мотори. Стапете во контакт со Информативниот центар за отрови

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори. Под притисок на флуид се подразбира сила што делува на единица површина.

Твојата најдобра верзија

ВОДИЧ ЗА ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Регулатива, мониторинг и примена

Digital HD DVB-C Set Top Box

Алкини АЛКИНИ. Органска хемија применета во фармација Институт за применета хемија и фармацевтски анализи Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ БИТОЛА

Корисничко упатство. Контакт телефон: 02/15-600

С О Д Р Ж И Н А. Број 128 Год. LXV Четврток, 22 октомври 2009 Цена на овој број е 220 денари.

Samsung каталог. проектори. дигитални рамки за слики. HDTV монитори

Приемник кој вe воведува во новиот свет на HD резолуција УПАТСТВО. ЗА ДИГАТЕЛЕН САТЕЛИТСКИ ПРИЕМНИК hd dvb-s2

Упатство за користење на програмата. oxpriemen

spoj na umetnosta НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СВЕЧЕНО ЈА pрими ДОЛЖНОСТА ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

2 Класификација на зградите

СОВЕТ НА ЕВРОПА ЧУВАР НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА РЕЗИМЕ

Откријте го светот на геосинтетиците. Каталог на производи

Искористете го животот до максимум. Добредојдовте во светот на KIA.

Новиот Dacia Duster, добредојдовте во реалниот свет.

Среда, 29 карт 1967 БЕЛГРАД 208.

НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА 44.

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ГОДИНА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

Обнова на возниот парк и искуство со новите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ. Чалоски Марко, дипл.маш.инж. Скопје,

Проф. Д-р Елисавета Стикова Институт за јавно здравје на Република Македонија УКИМ - Медицински Факултет, Скопје

УКАЗ ЗАКОН ЗИ.

PROMOTIVNI PROIZVODI

Софија - Катанија - Софија. 8 дена / 7 ноќевања авионска програма

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Вторник, 22 февруари 2000 Скопје. а) Моторни бензини. в) Масло за горење - екстра лесно (ЕЛ)

(upublisert, april 2007) (необјављена песма, април 2007)

КАТАЛОГ АЛАТИ 2013 / 2014

Реконструктивна хирургија на аортен корен

ZA SVIKUVAWE NA 17 TO GODI{NO SOBRANIE NA AKCIONERITE NA SKOPSKI PAZAR A.D. SO PREDLOG NA DNEVEN RED

Обојене Петријеве мреже

ЕЛЕКТРОНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ТРЕЋЕГ РАЗРЕДА

СИ МА ГРК. Да вид Ал ба ха ри

СР ЂА Н ВИД РИ Ћ, рођен у Зрењан ин у. П и ше есе је и к њи жев н у к ри т и к у, о б ја в љу је у пе ри о д и ц и.

/ Свим понуђачима који су преузели конкурсну документацију за јавну набавку 14/2017

ЗАДАТАК ЗА ПРАКТИЧАН РАД

ДВАДЕСЕТ ЧЕТВРТО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

Предмет: I - Измена и допуна конкурсне документације за ЈНВВ 02/2016 МАТЕРИЈАЛ ЗА ДИЈАЛИЗУ

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама директор Дома здравља Др Јован Јовановић Змај Стара Пазова, доноси следећу:

OTPUSTITELNI. tropari od posniot i cvetniot triod. (транскрипција од црковнословенски и превод од грчки и црковнословенски јазик)

РАЧУНАРСКА ТЕХНИКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИЗБОРНИХ ПРЕДМЕТА ПРВЕ ГОДИНЕ ШКОЛСКA 2016/17. ГОДИНУ

А К Т У Е Л Н А П И ТА ЊА РЕ СТ И Т У Ц И Ј Е У СР БИ Ј И

ДВ код ТС Београд 20, јун 2015.

Аутомобиле СК Ексклузивен увозник за Македонија и Косово

ПОШТАР. Безбедност и здравље на раду Вишак запослених: Која су моја права

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

j UNI CEF-a Да нас је ве о ма ва жан дан за оп шти ну Ста ра Па зо ва, Куглаш Игор Ковачић првак света! Irig

Преглед и промене XML-a шифарника који се користе при електронском фактурисању медицинско-техничких помагала верзија 1.0.2

ДВАДЕСЕТДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

ДВАДЕСЕТ ДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

Дихотомни кључ за одређивање поткласа и редова адултних инсеката. Младен Хорватовић

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

Психосоцијални аспекти страбизма

Агилни развој софтвера

KLINI^KI VE[TINI. 2. Presmetuvawe na indeksot na telesnata masa (ITM)

Кошуља за рат и да видовит будем по предању девет голих баба ћутећи је шију. ( Кошуља )

I. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

Mål for økta. 1) Få innblikk i utfordringer knyttet til matematikkfaget ved Hellerud vgs (situasjonsbeskrivelse)

Издавач: Републички завод за статистику Милана Ракића 5, Београд Тел: ; факс:

VEDTAK Nr. 2/2015 AV EU/EFTAS FELLESKOMITE FOR FELLES TRANSITTERING. av 17. juni 2015

Основи програмирања 1

ПРАВИЛА НАГРАДНЕ ИГРЕ У РОБИ Jaffa Cakes EXIT НАЗИВ, СЕДИШТЕ И ДРУГИ БИТНИ ПОДАЦИ У ПОГЛЕДУ ПРИРЕЂИВАЧА

Хитно мењати Устав. Вода највећи проблем Страна 15. Терапијски врт, први у Србији. Irig. у овом броју: ИНТЕРВЈУ: ГОРАН ЈЕШИЋ ПАРАДОКС У ЈАСКУ:

СТУ ДЕН ТИ СА СЕ ЛА АР НЕА ГАР БОР ГА: ИЗ МЕ ЂУ СТВАР НОГ И ФИК ТИВ НОГ

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

ПРЕГЛЕД ТРЖИШТА ЕЛЕКТРОНСКИХ КОМУНИКАЦИЈА У РЕПУБЛИЦИ СРБИЈИ. - Други квартал године -

Струја 230V 400V 230V 400V

ГЛАС ЦЕНТАРА ТЕМА БРОЈА: СИНТEТИЗOВAНИ ИЗВEШТAJ O РAДУ ЦEНТAРA ЗA СOЦИJAЛНИ РAД У СРБИJИ У ГOДИНИ ВРЕМЕ ЈЕ ДА НАСТУПАМО ЗАЈЕДНО!

Про блем зла и те о ди ке ја у хри шћан ској фи ло со фи ји

ДВАДЕСЕТПРВО РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ ЗАДАЦИ ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

Mål for økta. 1) Få innblikk i utfordringer knyttet til matematikkfaget ved Hellerud vgs (situasjonsbeskrivelse)

Фа бри ка. За вид на про дук тив ност, из во зно. У Сремској Митровици кривичне пријаве против одговорних због потенцијалне еколошке опасности

ДВАДЕСЕТПРВО РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

Transkript:

Пилот-проект Заштита на кафеавата мечка (Проектна активност за подигнување на јавната свест кај децата од постарата предучилишна возраст од 4,5-6 години за учебната 2009/2010) Градинка МАЈСКИ ЦВЕТ Објект ТАФТАЛИЏЕ Не биди пречка -патеката е за мечка

Пилот-проектот е изработен во рамките на проектот за развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН), кој го спроведува Македонското еколошко друштво (МЕД) и Европскиот центар за заштита на природата (ECNC) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање од Република Македонија. Проектот е финансиран од BBI Matra фондот од холандското Министерство за земјоделство, природа и безбедност на храната и Министерството за надворешни работи. www.mes.org.mk www.ecnc.org M E D M E Y european centre for nature conservation

Пилот-проект за подигнување на јавната свест кај децата од предучилишна возраст Заштита на кафеавата мечка Градинката "Мајски Цвет" во соработка со Македонското еколошко друштво (МЕД) од Скопје, во периодот од септември 2009 до април 2010 година беше дел од проектот "Развој на Национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)". Главното мото на проектот е Не биди пречка - патеката е за мечка, што асоцира на главната цел на проектот: да се развие еколошка мрежа на ниво на Република Македонија преку идентифкација на еколошките коридори за крупните ѕверови, со посебен фокус на кафеавата мечка (Ursus arctos). Една од компонентите на овој проект, е и реализација на пилот-проект за подигнување на јавната свест кај децата од предучилишна возраст насловен kako Заштита на кафеавата мечка. За оваа компонента беше избрана градинката "Мајски Цвет", како една од најстарите градинки во Скопје, која воедно има долгогодишно искуство во спроведување на проекти со децата од различни области. Со проектните активности беа опфатени околу 60 деца од постарата предучилишна возраст од 4,5-6 години. Основни цели на пилот-проектот беа: - да се развие интерес кај децата за живиот свет на планините во Македонија и конкретно за кафеавата мечка; - да се стекнат елементарни сознанија за карактеристиките на кафеавата мечка; - да се развие грижлив однос на децата кон кафеавата мечка и кон преостанатиот жив свет; - да се согледа влијанието на човекот врз природата, односно позитивните и негативните промени што настануваат како резултат на човековата активност и влијанието врз кафеавата мечка; и - да се разбере потребата за движење на мечката и да се добие претстава за "зелените мостови". Во понатамошниот текст детално се разработени реализираните активности во рамките на проектот, претставени по месеци, како и развојните задачи за постарата предучилишна возраст реализирани со проектот. Цениме дека успеавме да ја оствариме нашата поставена цел, а тоа е децата да имаат основни сознанија за животот на кафеавата мечка, нејзиното живеалиште и да ја сфатат и разберат нејзината потреба од движење односно да стекнат претстава за зелените мостови.. 1

Реализирани активности Септември изработен план на активности меѓу директорката, психологот и воспитувачите и истиот е усогласен со активностите на МЕД (Македонско еколошко друштво) Октомври Тема на месецот: "Како се храниме" Во рамките на Детската недела проектот беше започнат со следниве активности: - Заштита на кафеавата мечка; презентација од МЕД; запознавање на основните белези и карактеристики на кафеавата мечка и нејзино претставување како "личност" со свое однесување, навики, потреби и чувства - Посета на Зоолошката градина во Скопје, посебно запознавање со кафеавите мечки - Моделирање мечиња од глиномол и пластелин, цртање мечиња - Избирање на храната за мечињата, селектирање по годишни времиња - Обработка на сликовницата "Лакомото мече" - Запознавање со патот на храната кај мечките - Запознавање со начините на движење на мечката - Подвижна игра "Медо и пчелите", "Мали мечиња", "Мечката спанка" - Стихотворба "Зошто плаче мечето", "Болното мече" - Песна "Горе во горите" - Цртаме "Мечките во нашата зоолошка" 2

Ноември Не биди пречка -патеката е за мечка Тема на месецот: "Мојата татковина Македонија се вика" Месецот Ноември беше обележан со следните активности: - Каде живеат мечките (разговор, прашања, одговори) - Нијансирање на кафеавата боја, препознавање на планините на карта, "читање" на симболот на кафеавата боја на географска карта - "Колку планини и се потребни на една мечка и зошто"- проблемска ситуација - "Колку високо одат мечките во планините и зошто" проблемска ситуација - Обработка на народни приказни "Старец и мечка", "Баба меца и кума лиса" - Обработка на гатанки и поговорки поврзани со мечката - Обележување на карта каде има мечки - Што е тоа национален парк - Подвижна игра "Меца и пчелите" Декември Тема на месецот: "Земјата - дел од вселената" Активности поврзани со проектната активност: - Годишните времиња и однесувањето на мечката - Ѕвездите и мечките /Голема и Мала мечка/ - Предците на мечките - Куклена претстава "Новогодишни желби" - Активности со МЕД, сложувалки, откривалки, квиз - Подвижна игра "По трагата" 3

Јануари Тема на месецот: "Животните низ приказните" Активности поврзани со проектната активност: - Стихотворба "Сонот на меца" - Мечката и годишните времиња - Мечката и нејзините шумски пријатели - Мечката и нејзините роднини - Пронаоѓање на разлики и сличности меѓу човекот и мечката Февруари Тема на месецот: "Млади научници" Активности поврзани со проектната активност: - Песна "Мече" - Колаж на тема "Мечката во пештера" - Посета на Природно-научниот музеј во Скопје - Проблем-ситуација "Од што зависи опстанокот на мечката" - Проблем-ситуација "Зошто на мечката и се потребни вода, светлина и топлина" - Обработка на приказната "Праведните мечиња" - Цртање, моделирање на семејствата и случките поврзани со праведните мечиња 4

Март Тема на месецот: "Колку е убаво да се патува" Активности поврзани со проектната активност: - Кој сè се движи по патот - Многу планини и многу патишта - Проблем-ситуација "Патот на мечката" - Барање решенија за слободно движење на мечињата и децата - Изработка на знаци за мечката - Доврши ја реченицата "Мечињата одат на забава... " - Каширање, правење макета со која го претставуваме решението за премин преку патиштата - Обработка на сликовницата "Храброто мече" Април Тема на месецот: "Убавата пролет" Активности поврзани со проектната активност: - Посета на Зоолошката градина во Скопје - Завршна презентација на проектот во градинката "Мајски Цвет" 5

РАЗВОЈНИ ЗАДАЧИ ЗА ПОСТАРАТА ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ РЕАЛИЗИРАНИ СО ПРОЕКТОТ Емоционален развој Јакнење на довербата во себе и во другите луѓе; Облагородување со позитивни емоции; Поттикнување на детето за надминување на ирационални стравови; Збогатување и облагородување на детскиот емотивен свет и имагинацијата; Развивање на свеста за негативни емоции кај луѓето и животните и нивно препознавање. Моторички развој Збогатување на сетилните искуства со допирање различни материјали; Оспособување за именување на различни вкусови; Оспособување за препознавање и именување мириси; Усовршување на функцијата на сетилото за вид; Оспособување за разликување различни шумови, звуци и гласови; Усовршување на координацијата на локомоторниот систем; Подобрување на способноста за ориентирање во просторот; Оспособување за координирано движење; Создавање навика кај детето да биде внимателно; Усвојување на знаења за тоа кои места се опасни и како треба да се однесува во случај на опасност. Комуникација и творештво Развивање на способностите за комуникација; Оспособување за собирање и давање информации во комуникација со други луѓе; Негување на култура во говорната комуникација; Развивање вештини за договарање и соработување со врсниците; Спознавање на текст/книга како извор на информации; Поттикнување на способноста за елементарно оценување на карактеристиките на јунаците од уметничките дела и вреднување на нивните постапки; Оспособување за формирање зборови кои означуваат множина, деминутиви и аугментативи, за менување на зборовите и нивно усогласување на глаголите по време и поврзување во реченици; Одвикнување на децата од користење на не литературни зборови; Навикнување на детето да се изразува јасно и со правилно составени реченици, со правилен изговор и акцент; Развивање на способноста за поврзано раскажување по доживување; Развивање на способноста за прераскажување; 6

Развивање на чувство за ритам; Развивање на навики за култивирано пеење; Препознавање на карактерот и видот на музиката; Оспособување на детето со движења да го изразува регистарот високо и ниско и темпото брзо и бавно; Негување и развивање на фокусирано внимание и љубопитност; Поттикнување на самостојно ликовно изразување; Развивање способности за перцепирање и разликување на боите; Негување на осетливоста за тродимензионалноста во просторот стекната преку различни игри и конструктивни активности; Збогатување на сензорно-перцептивните искуства; Оспособување за вертикално поставување на фигурите и конструкција во просторот; Развивање на ситната мускулатура на дланката, координација око-рака; Усовршување на способноста за моделирање на различни форми; Оспособување за соработка со други деца во изработка на колективна ликовна творба; Развивање способности за фокусирано набљудување на предметите и нивните карактеристики; Збогатување на детското искуство од непосредната средина, стекнато преку активирање на сите сетила на детето; Оспособување за поцелосно прикажување на предметите и објектите од непосредната околина, со детали; Поттикнување на самостојноста на ликовното изразување. Интелектуален развој Развивање на мисловните процеси: анализа, синтеза, воопштување; Оспособување за откривање и користење на различни можности за решавање проблеми; Оспособување за издвојување на карактеристични својства на предметите и појавите и споредување според тие својства; Користење на соодветна терминологија при опишување на настаните со различна временска определеност; Препознавање на бројките од 1 до 5; Оспособување на детето да поврзува множества со исто толку елементи со броевите од 1 до 5; Формирање на множества до 5 елементи според дадена карактеристика; Проценување и споредување на димензии искажани со нестандардни односно стандардни мерки. Природа и општество Запознавање со основните карактеристики на овошјето и растенијата (посебен акцент на растенија кои се дел од исхраната на мечката и човекот) ; Запознавање со животниот циклус кај животните (мечката) ; Запознавање со животната средина на кафеавата мечка и нејзините живеалишта; Запознавање со начинот на живот на кафеавата мечка во различни годишни времиња; 7

Запознавање со односот и грижата на човекот кон кафеавата мечка; Осознавање дека и мечките се грижат за својата хигиена; Осознавање на основните карактеристики разлики и сличности меѓу кафеавата мечка, другите мечки во светот и луѓето; Запознавање со односот и грижата на човекот кон кафеавата мечка. 8

ЗАКЛУЧОК Цениме дека успеавме да ја оствариме нашата поставена цел, а тоа е децата да имаат основни сознанија за животот на кафеавата мечка, нејзиното живеалиште и да ја сфатат и разберат нејзината потреба од движење. За таа цел, за да можат децата да ја доживеат и да ја сфатат мечката како дел од нашиот жив свет, како дел од нашите планини, како дел од нашата природа и пред сè, како дел од нашата татковина, се обидовме мечката да им ја претставиме како животно со свои потреби и чувства. Сметавме дека мечката најпрвин треба да ја доживеат како нешто многу блиско до себе, за потоа полека низ предвидените активности да се насочиме кон една од нејзините основни потреби, а тоа е потребата за движење, и тоа не само да успеат да го прифатат тоа, туку и да нудат решенија во таа насока и пред сè, решенијата да произлегуваат од самите деца за да можат и да бидат прифатени од нив самите. Со оглед на тоа дека при решавањето на завршната проблемска ситуација "Како можат малите мечиња безбедно да поминуваат преку улица" ги добивме, меѓу другите, и следните одговори, како на пример: "Да се стави семафор на улицата" или "Чичкото шумар да ја чува мечката и да викне полиција кога ќе доаѓа на улица" и секако "Да се направи мост". Во оној момент кога го добивме одговорот "Да се направи мост", почнавме подетално да размислуваме за нашиот мост како да го обоиме... и успеавме да дојдеме до една од основните цели на нашиот проект - стекнување претстава за зелените мостови. Цениме дека децата сега знаат многу повеќе за кафеавата мечка отколку пред почнувањето на проектот (а и ние исто така), и не само што подобро ја познаваат мечката, туку и ја почитуваат како живо суштество заедно со нејзините основни потреби и права. За реализација на сите активности ни помогна и дружењето со членовите на Македонското еколошко друштво (МЕД), посетата на Зоолошката градина, Природонаучниот музеј и активностите поврзани со кафеавата мечка кои ги реализиравме од септември 2009 година до април 2010 година. Изработил: Стручниот тим на Градинката "МАЈСКИ ЦВЕТ" Објект "ТАФТАЛИЏЕ" 9

Општи карактеристики за кафеавата мечка (Ursus arctor) Надворешен изглед Должина на тело: 154-215 cm Висина на раменици: 87-126 cm Должина на опаш: 6-14 cm Тежина: 120-345 kg Кафеавите мечки имаат густо крзно со варијации на кремасто, кафеаво и црно или комбинации од овие бои. Како и останатите мечки, и овие можат подолго време да стојат на задните нозе. Над рамениците имаат голема грпка составена од мускул по која се разликуваат од останатите видови. Канџите на кафеавата мечка се долги до 15 сантиметри кои не се повлекуваат и мечките ги користат најмногу за копање. Мажјаците се 38-50% поголеми од женките. Должината изнесува 1,7 до 2,8 метри. Кафеавата мечка е најраспространет вид од фамилијата на мечки. Има масивна глава со издаден нос, округли и мали уши, мали очи, кратка опашка и масивно тело. Живее на планините покриени со големи шуми, но денес се среќава само во некои области, како што се Пиринеите, Алпите, Карпатите и на Татрите. Најголемата регистрирана мечка е Кодиак, тешка над 1100 кг. Мечките кои живеат во зоолошките градини најчесто се потешки од мечките во дивината, поради редовната исхрана и ограниченото движење. И покрај нивната масивност, овие мечки можат да трчаат со брзина од 56 километри на час. Кафеавата мечка е ноќно животно. За време на летото тие акумулираат до 180 kg масти, кои ги користат за да ја преживеат зимата. 10

Исхрана Тие се омнивори (сештојади) и се хранат претежно со растенија, вклучувајќи корења, фиданки, габи, но и риби, инсекти и мали цицачи. И покрај нивната репутација, кафеавите мечки не се вистински карнивори, бидејќи во некои случаи дури 90% од исхраната отпаѓа на храна од растително потекло. Сакаат мед, па затоа често се случува да ги уништуваат пчелните гнезда додека дебелото крзно ги штити од пчелните убоди. Кога ловат, ги употребуваат очниците за да го убијат пленот. Се случува да ловат елени, бизони, лос, но секогаш одбираат млади животни. Во ретки случаи, мечката употребува удар со шепата, со што го крши вратот на пленот. Понекогаш ја употребуваат својата големина за да го одземат уловениот плен на волци, црни мечки или пуми. Хибернација Хибернација или зимски сон е состојба на успорување на метаболизмот и ниска телесна температура кај одредени животни за време на зимата. Во хибернатори спаѓаат поголем број крзнени животни и мал број цицачи. На цицачите како мечката само малку им е снижена телесната температура се будат лесно и не се сметаат за вистински хибернатори. Многу мечки, а посебно оние кои живеат во ладните подрачја, зимата ја поминуваат во состојба на мирување. Периодот од ноември до март го минуваат во нивните скривалишта (дувла), во состојба на зимски сон. Тогаш се повлекуваат во подготвеното дувло и трошат енергија од залихите на поткожното масно ткиво. Во доцна есен, кафеавата мечка која наталожила доволно масно ткиво преспива период од 3-7 месеци. Дувлото го прави под паднатите дрвја, во подземните јами или во шуплините на карпите. Во јужните подрачја (Хрватска, Македонија, Шпанија) некои мечки можат да останат активни и преку целата година. 11

Репродукција Сезоната за парење трае од мај до почеток на јули. Кафеавите мечки се моногамни на краток период, односно остануваат ва пар неколку дена или неколку недели за време на сезоната за парење. Женките достигнуваат сексуална зрелост на 5-7 години. Мажјаците не се парат додека не станат доволно силни за да можат успешно да се натпреваруваат со другите мажјаци. По бременост од 194 до 278 дена женките раѓаат 2 до 5 мали мечиња. Малечките обично се раѓаат во јануари. Малите мечиња се слепи, без заби, без крзно и тежат околу 1 кг. По раѓањето се хранат со мајчино млеко. Тие остануваат со мајката 2 до 4 години, и за тоа време учат како да наоѓаат храна, како да ловат и како да се бранат. Младите учат имитирајќи го однесувањето на мајката. Заштитен вид Кафеавата мечка порано ја населувала скоро цела Европа. Но, со растење на густината на човековата популација, земјоделските активности и сечењето на шумите, а и со интензивното ловење, кафеавата мечка е исчезната од многу места. Денес вкупниот број на мечки во Европа се проценува на околу 50000 единки. Кафеавата мечка е ретка во Централна Европа и затоа е заштитена со закон. На просторите на јужнословенските земји кафеавата мечка живее само во планинските подрачја на Балканот и е загрозен вид. Главна причина за намалување на нивниот број е неконтролиран лов и намалување на териториите на нивните природни живеалишта. Во Македонија кафеавата мечка, како и во другите европски земји, се соочува со опасноста од целосно нејзино исчезнување. Нејзиното живеалиште - шумите стануваат сè позагрозени, а со тоа и самата мечка. Застапена е во трите национални паркови, но нејзиниот број и понатаму се намалува. Мечките во Македонија се заштитен вид. Забрана за нивен лов постои од 1996 година, кога е евидентирано нагло опаѓање на бројот на примероци од ова животно. Според податоците од Сојузот на ловџиите, во земјава се регистрирани околу 160 мечки. Ги среќаваме во националните паркови Галичица, Маврово и Пелистер и во околината на резервоарот Јасен. Кафеавата мечка е заштитен знак на националниот парк Пелистер. Обожување на мечката Кај многу народи на Балканот, во Азија и кај Индијанците во Северна Америка, мечката била сметана за предок на човекот или див човек, па дури и обожувана како бог. Поради сличноста во движењето кога мечката оди исправена на задните нозе, Гасконците ги нарекуваат lou Moussu господинот. Еден од најстарите знаци за обожување на мечките го среќаваме во близина на пештерата Ласко (Франција). На ова место бил пронајден гроб на неандерталец 12

стар 70 000 години. Во гробот освен останките од неандерталецот биле пронајдени и останки од кафеава мечка. Во пештерата Шове (Франција) се пронајдени повеќе черепи од кафеава мечка распоредени во круг, со еден од нив поставен на карпа во средината. Во Монтеспан (Франција) пронајдена е глинена статуа на мечка која датира од пред 17 000 години. Слични ритуали во кои учество земале мечките се пронајдени и во други делови на Франција и Баскија. Мечката била сметана за симбол на воскреснувањето и на плодноста. Во Македонски Брод е пронајдена скулптура во облик на мечка. Истражувачите од центарот за карпеста уметност укажуваат дека се работи за скулптура од периодот на неолитот. Во околината на Виница и други краишта се откриени бројни минијатурни теракоти со претстава на мечиња како гробен материјал како гробен материјал од овој период. Мечката е животно кое многу често се среќава во македонските напорни приказни и басни, заедно со волкот, лисицата, зајакот, магарето... Историјат и бројност на мечки во зоолошката градина во Скопје Животниот век на кафеавата мечка во природата изнесува 25 години. Мечките што живеат во зоолошките градини не значи дека имаат пократок животен век. За ова доказ се и мечките од Зоолошката градина во Скопје, каде моментално живеат 6 мечки, од кои пет се мажјаци, а една е женка. Мечките се на различна возраст. Најстарата мечка е 28 години и се вика Марко. Марко потекнува од островот (резерват) Бриони во Хрватска и тука е донесен на возраст од 1 година. Следни по старост се Мартин и Мартина кои имаат по 6 години и се брат и сестра. Во зоолошката градина во Скопје се донесени од страна на граѓани кои ги нашле изгубени во шума на границата помеѓу Македонија и Србија на планината Скопска Црна Гора. Мечето Столе е на возраст од 3 години и во Зоолошката градина е донесено од страна на шумари кои го пронашле на планината Кораб. Последни и најмлади се двете братчиња Бим и Бум кои се на возраст од 2 годин, донесени од планината Јабланица, исто така, изгубени и осамени во шума. За мечките моментално се градат нови живеалишта, а старите се реновираат со нови пештери и базени. На тој начин мечињата од скопската зоолошка градина ќе имаат простор од околу 4 500 m 2 површина за живеење. 13