Новиот Dacia Duster, добредојдовте во реалниот свет.

Like dokumenter
Аутомобиле СК Ексклузивен увозник за Македонија и Косово

УПАТСТВО. Дигитално потпишување документи во MS Office

Искористете го животот до максимум. Добредојдовте во светот на KIA.

Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Природно математички факултет. Институт за математика БОЕЊЕ ГРАФОВИ. Април, 2016 година

Матрица претставува правоаголна или квадратна шема од броеви и се запишува: Ред 1

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

Обнова на возниот парк и искуство со новите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ. Чалоски Марко, дипл.маш.инж. Скопје,

Samsung каталог. проектори. дигитални рамки за слики. HDTV монитори

Струја 230V 400V 230V 400V

PROMOTIVNI PROIZVODI

Digital HD DVB-C Set Top Box

Твојата најдобра верзија

Оваа постапка се повторува се додека сите темиња не ги приклучиме во множеството U.

Модернистички пристап-маршал Маклуан

Откријте го светот на геосинтетиците. Каталог на производи

Приемник кој вe воведува во новиот свет на HD резолуција УПАТСТВО. ЗА ДИГАТЕЛЕН САТЕЛИТСКИ ПРИЕМНИК hd dvb-s2

Ви благодариме. Ви благодарам за уште едно неверојатно Глобално рели и за тоа што навистина го претворивте во уникатно доживување.

ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Упатство за користење на Е Дневникот

Масло за 4-тактни мотори. Стапете во контакт со Информативниот центар за отрови

Туризам, принципи и практика. Доц. д-р Сашко Граматниковски M-р Марина Стојмирова

VODI^ ZA ORGANSKO PROIZVODSTVO NA SOJA Prof. d-r Qup~o MIHAJLOV

Подготовката и печатењето на публикацијата е финансиски подржано од Фондацијата отворено општество Македонија - ФООМ

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори. Под притисок на флуид се подразбира сила што делува на единица површина.

ИЗВЕШТАЈ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ПОСЕТАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕНА ОД ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ

КАТАЛОГ АЛАТИ 2013 / 2014

Осигурување. Детеминирање на осигурувањето. Асс М р Христина Танеска

2 Класификација на зградите

5. РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА (одговори) 9.одделение

ВОДИЧ ЗА ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Регулатива, мониторинг и примена

БИОМОЛЕКУЛИ НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ. III ДЕЛ 2016 НАТАША РИСТОВСКА ИНСТИТУТ ПО ХЕМИЈА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

Текстот е извадок од ТРЕТ национален план за климатски промени :

Корисничко упатство. Контакт телефон: 02/15-600

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Упатство за користење на програмата. oxpriemen

Осигурување. Логистика. Асс М р Христина Танеска

Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Република Македонија

Не биди пречка -патеката е за мечка

Алкини АЛКИНИ. Органска хемија применета во фармација Институт за применета хемија и фармацевтски анализи Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

ANTI-AGING = БАВНО ДА СТАРЕЕМЕ

РАЗВОЈОТ НА ПРОМЕНИТЕ ВО СЕСТРИНСТВОТО. Панова Гордана,Панова Б.Шуманов Ѓ.Величкова Н.Николовска Л.

ДОЈРАН. ОПШТИНА ДОЈРАН Бр.01

spoj na umetnosta НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СВЕЧЕНО ЈА pрими ДОЛЖНОСТА ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

С О Д Р Ж И Н А. Број 128 Год. LXV Четврток, 22 октомври 2009 Цена на овој број е 220 денари.

УКАЗ ЗАКОН ЗИ.

/ Свим понуђачима који су преузели конкурсну документацију за јавну набавку 14/2017

Среда, 29 карт 1967 БЕЛГРАД 208.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Предмет: I - Измена и допуна конкурсне документације за ЈНВВ 02/2016 МАТЕРИЈАЛ ЗА ДИЈАЛИЗУ

НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА 44.

Проф. Д-р Елисавета Стикова Институт за јавно здравје на Република Македонија УКИМ - Медицински Факултет, Скопје

СОВЕТ НА ЕВРОПА ЧУВАР НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА РЕЗИМЕ

Софија - Катанија - Софија. 8 дена / 7 ноќевања авионска програма

В И С О К А П О У З Д А Н О С Т Ј Е М О Г У Ћ А

Обојене Петријеве мреже

СР ЂА Н ВИД РИ Ћ, рођен у Зрењан ин у. П и ше есе је и к њи жев н у к ри т и к у, о б ја в љу је у пе ри о д и ц и.

ZA SVIKUVAWE NA 17 TO GODI{NO SOBRANIE NA AKCIONERITE NA SKOPSKI PAZAR A.D. SO PREDLOG NA DNEVEN RED

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ БИТОЛА

ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ Избор на проекти финансирани од ЕУ

I. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама директор Дома здравља Др Јован Јовановић Змај Стара Пазова, доноси следећу:

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Вторник, 22 февруари 2000 Скопје. а) Моторни бензини. в) Масло за горење - екстра лесно (ЕЛ)

СИ МА ГРК. Да вид Ал ба ха ри

Nettuno.

ОПШТИНА БАЈИНА БАШТА ОПШТИНСКА УПРАВА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ УСЛУГА: УСЛУГЕ ОДРЖАВАЊА АУТОМОБИЛА ЈАВНА НАБАВКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

САДРЖАЈ 5. ОБРАЗАЦ СТРУКТУРЕ ПОНУЂЕНЕ ЦЕНЕ СА УПУТСТВОМ КАКО ДА СЕ ПОПУНИ 6. ИЗЈАВА ПОНУЂАЧА ДА ЋЕ ИЗВРШЕЊЕ НАБАВКЕ ДЕЛИМИЧНО ПОВЕРИТИ ПОДИЗВОЂАЧУ

Преглед и промене XML-a шифарника који се користе при електронском фактурисању медицинско-техничких помагала верзија 1.0.2

РЈЕШЕЊА ЗАДАТАКА СА ТАКМИЧЕЊА ИЗ ЕЛЕКТРИЧНИХ МАШИНА Електријада 2009.

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

VEDTAK Nr. 2/2015 AV EU/EFTAS FELLESKOMITE FOR FELLES TRANSITTERING. av 17. juni 2015

Основи програмирања 1

АНКЕТА ЗА СТУДЕНТЕ ПРВЕ ГОДИНЕ СТУДИЈА

ЕЛЕКТРОНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ТРЕЋЕГ РАЗРЕДА

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ГОДИНА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЧУВСТАТА ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НЕГОВИТЕО ДЕЛА ОСТАНУВААТ ВО ДУШАТА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

А К Т У Е Л Н А П И ТА ЊА РЕ СТ И Т У Ц И Ј Е У СР БИ Ј И

ЈАВНО ПРЕДУЗЕЋЕ ''ТОПЛИФИКАЦИЈА'' Пожаревац, Трг Радомира Вујовића бр.2

ОДЛУКУ о додели уговора

РАЧУНАРСКА ТЕХНИКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИЗБОРНИХ ПРЕДМЕТА ПРВЕ ГОДИНЕ ШКОЛСКA 2016/17. ГОДИНУ

ДВ код ТС Београд 20, јун 2015.

ПОШТАР. Безбедност и здравље на раду Вишак запослених: Која су моја права

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ ДОБАРА АМПУЛИРАНИХ ЛЕКОВА И ИНФУЗИОНИХ РАСТВОРА - ПОСТУПАК ЈАВНЕ НАБАВКЕ МАЛЕ ВРЕДНОСТИ - ЈН МВ 19/2015

КОНКУРСНA ДОКУМЕНТАЦИЈA

ЈКП ''ИНФОРМАТИКА'' НОВИ САД Булевар цара Лазара 3, Нови Сад. КОНКУРСНA ДОКУМЕНТАЦИЈA За јавну набавку услуга

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

j UNI CEF-a Да нас је ве о ма ва жан дан за оп шти ну Ста ра Па зо ва, Куглаш Игор Ковачић првак света! Irig

Реконструктивна хирургија на аортен корен

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

НО ВИ РЕ А ЛИ ЗАМ У СРП СКОМ ФИЛ МУ

ЈАВНА НАБАВКА ЛЕКОВА И САНИТЕТСКОГ МАТЕРИЈАЛА. ОТВОРЕНИ ПОСТУПАК ЈАВНА НАБАВКА бр /2

Психосоцијални аспекти страбизма

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ПРАВИЛНИК О ПОСТУПКУ УНУТРАШЊЕГ УЗБУЊИВАЊА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

ИЗМЕНА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ОБВ /4 отворени поступак

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Transkript:

Новиот Dacia Duster

Новиот Dacia Duster, добредојдовте во реалниот свет. Обликот на новиот Duster е во согласност со авантуристичкиот, модерниот и динамичниот карактер на возилото. Но, вистинската револуција се наоѓа во внатрешноста: целосно преуредениот патнички простор е елегантен, а во исто време функционален и прилагодлив. Новиот Duster е великодушен и содржи богата опрема која може максимално да се искористи. Неговите силни и тивки мотори се економични и ја заштитуваат околината. Робустен и сигурен, новиот Duster е вистинско теренско возило со докажана способност за возење надвор од асфалтираните места. Најневеројатна вест: сето тоа е достапно по цена на марката Dacia. На возилата кои служат како пример за другите возила не треба да им се зголемува цената!

Елегантен облик. Стил на вистински авантурист. Новиот Duster има нов дизајн, обликуван е во модерен, робустен и динамичен стил кој го потврдува значењето на возилото. Со новиот преден дел со хромирана украсна маска и светла со двојна оптика, како и со новите алуминиумски тркала од 18 Dark Metal и кровните носачи, тој е исклучително атрактивен! А вистинската револуција? Таа се крие во внатрешноста. Таа сега е префинета благодарение на четирите нови видови навлаки и тоа една од кожа*, како и внимателната завршна обработка. При тоа е поелегантна со сосема обновена арматурна плоча и хромирани детали кои го создаваат авантуристичкиот карактер на новиот Duster. Тоа е доказ дека добриот вкус не мора многу да чини. Сосема спротивно. * Предната страна на седиштата, наслоните и наслоните за глава целосно се прекриени со говедска кожа.

Спокој на теренот. Дали очекувавте нешто поинакво од вистинско теренско возило? Новиот Duster е осмислен за возење по сите терени, затоа претставува вистинско теренско возило со одлични теренски карактеристики. Високо издигнат на 21 cm* од земјата, како и со широки агли на доаѓање и одење кои изнесуваат 29,3 од предната страна, 23 на средина и 34,9 од задниот дел, тој лесно ги совладува сите предизвици на патот и на неасфалтираните патеки. Со интуитивното управување на погон на сите тркала, тој сосема сигурно се прилагодува на сите услови. За возење по патишта со добри услови најсоодветно е да се исклучи погонот на четири тркала (4X2). Моментот на моторот тогаш се насочува на предните тркала, што придонесува за помала потрошувачка на горивото. Начинот AUTO автоматски го распоредува вртежниот момент на моторот меѓу предната и задната оска во согласност со површината на патот, брзината на возилото и адхезијата на тркалата. Така се постигнува најдобар компромис меѓу лежењето на возилото на патот и силата на влечење. На потешко проодните делници како и на нерамни, снежни или песочни површини најсоодветна е положбата LOCK, каде вртежниот момент на моторот непроменливо се распоредува меѓу предната и задната оска, а со тоа ги подобрува теренските карактеристики на возилото. Во тоа возило можете да ги надгледувате моторот и системот за сопирање, да ја прилагодите употребата на возилото со погонот на четири тркала. Теренските карактеристики се надополнуваат со менувач со шест степени**. Краткиот прв степен на пренос овозможува бавно возење по нерамен терен, при возење по нагорнина или при влечење на тежок товар по надолнина со најголем вртежен момент. Компактноста и малата тежина на возилото придонесуваат кон неговата голема подвижност, но и за возните карактеристики. Што можете повеќе да посакате од едно возило со погон на сите тркала? * 20,5 cm за верзии со погон на две тркала. ** Достапно на верзиите со мотори.

Великодушен со опремата. Технологија која навистина ќе ја користите. Новиот Duster е уште повеликодушен и нуди нова опрема, сè тоа по цена на Dacia, како што се регулирање и ограничување на брзината, систем за помош при паркирање наназад, импулсно придвижување на стаклото од страната на возачот и индикатори за надворешна температура*. Едноставен и интуитивен мултимедијален систем MEDIA NAV со екран од 7 (18 cm) чувствителен на допир, овозможува избор на различни функции: навигација, телефонирање, радио, медиуми... Поврзувајќи се преку Bluetooth можете да телефонирате со слободни раце** и да слушате музика од својот преносен уред со аудио содржини, кој исто така можете директно да го приклучите на USB приклучокот/аудио приклучокот на конзолата. * Во зависност од верзијата. ** Ви советуваме да не телефонирате додека возите. Прикажаниот наслон за рацете е достапен само како дополнителна опрема.

Силни и еколошки мотори. Чисто задоволство во возењето. Со новиот Duster достапни се нови бензински и дизел мотори кои се силни, тивки и економични. Исто така постојат и верзии со погон на четири тркала кој може да се исклучи, како и верзија со постојан погон на четири тркала. Моторот dci 90 (200 Nm на 1750 в/мин.), еден од најдобрите дизел мотори на пазарот, гарантира одлична удобност во возењето, ниска потрошувачка на гориво и ниски емисии на гас. За поголема сила се користи и во верзијата со 80 kw (110). Меѓу бензинските мотори, новиот Duster нуди мотор 1.6 16V 77 kw (105 КС), исто така во верзија со нафтен гас (LPG), како и особено тивок и снажен нов мотор TCe 125. Тој ветува удобно возење во градски услови како и одлични перформанси на патиштата. Ви овозможува значителни забрзувања без ненадејни движења, а воедно е флексибилен и агилен за уживање во динамично возење кое комбинира контролирана потрошувачка на гориво и ниска емисија на штетни гасови. Тие исто така може да се подобрат со вклучувањето на економичниот начин на возење ECO и со почитување на препораките на индикаторот за промена на степенот на пренос. Други важни карактеристики: подобрени акустични перформанси на возилото и намалување на вибрациите во голема мера ја подобруваат звучната изолација на внатрешноста. Крајно време е да се вратиме на најважното: уживање во возењето.

Нов Duster TCe 125 за уште поголемо уживање во возењето. Новиот мотор TCe 125 ја комбинира силата со сигурноста. Тој бензински мотор со турбо полнач, поврзан со рачен менувач во шест степени, нуди најдобро доживување во возењето. Остварува одлични забрзувања од место и енергични забрзувања при возењето, поради своите 92 kw (125 коњски сили) и големиот вртежен момент (205 Nm при 2000 в/мин) дури и при мали вртежи. Со тој мотор, новиот Duster се одликува со ниска потрошувачка на гориво од 6,3 l/100 km и со ниска емисија на CO 2 * од 145 g/km и со тоа придонесува за намалување на штетното влијание врз околината. Поради синџирот на разводникот, кој не бара одржување до крајот на животниот век трошоците за одржување исто така се намалени. Тоа навистина е голема заштеда. 1.6 16v 105 и TCe 125 За возачи кои сакаат бензински мотори, новиот Duster со мотор TCe 125 нуди уште еден мотор со 77 kw (105 КС). Тој мотор од 1,6 литри со 16 вентили и 77 kw (105 КС) има поприфатлива цена и е соодветен за поголем број од корисниците. Моторот TCe со 92 kw (125 КС) е конструиран за сите оние на кои им е потребна поголема сила, на пример за влечење на приколка или за возење по ридести терени. dci 90 и dci 110 За возачи кои се одлучиле за дизел мотор, новиот Duster нуди избор на мотор со сила од 66 kw (90 КС) и мотор со 80 kw (110 КС). Двата мотора се еластични, динамични, пријатни за возење, издржливи и економични. Моторите dci 90 и dci 110 се одликуваат со штедлива потрошувачка на гориво која изнесува 4,7 л/100 km кај првиот, односно 4,8 l/100 km кај вториот, како и со ниска емисија на CO 2 : 123 g/km, односно 127 g/km CO 2. Со понуда од четири мотори, новиот Duster навистина е сестран, прилагоден на сите видови користење и на најразлични корисници. Секој мотор гарантира уживање во возењето, удобност и ниски трошоци за одржување. *Потрошувачката на горивото и емисијата се во процес на хомологација.

Подобар дизајн. Поголема функционалност. Сосема нова внатрешност. Внатрешноста на новиот Duster е целосно обновена. Просторниот патнички простор гарантира поголема удобност за возачот и патниците во сите седишта. Со одново обликувани линии, подобра завршна обработка и внимателно избрани материјали, тој е многу поелегантен, но не и помалку функционален и прилагодлив. Исклучително е практичен затоа што содржи бројни места за складирање, каде можете да ги ставите сите предмети што ги користите, а тие сепак да останат на дофат на рака: нови места за складирање на арматурната плоча и во вратите, држач за чаши во предниот и задниот дел од кабината, осветлена предна преграда... Благодарение на задните седишта кои се преклопуваат во сооднос 2/3-1/3, внатрешноста на возилото можете да ја прилагодите на своите потреби*. Багажниот простор со капацитет од 475 литри** е најголем на пазарот, во конфигурација со 2 седишта се зголемува на 1463 литри, со што добивате значително голем простор за пренесување на најголеми предмети. Широкиот отвор на вратата и новата полица во багажниот простор се навистина практични при товарање. Новиот Duster е удобен, великодушен и едноставен за употреба, со што докажува дека најдобрите новости се оние кои ни го разубавуваат секојдневието. * Во зависност од верзијата. ** 475 литри за верзијата 4X2, без резервно тркало со комплетот за поправање гуми.

Гаранција од 3 години или 100.000 km. Сигурност во вистинско значење на зборот. Робустноста на новиот Duster е гаранција за сигурноста на патниците. Сите патници се заштитени со целосна сигурносна опрема: воздушни перници од напред и од страна (за возачот и патникот на предното седиште), систем Isofix за прицврстување на детските седишта за страничните седишта во задниот дел. Засилена конструкција на каросеријата обезбедува одлична заштита на патниците во сите услови. Повисоката положба на возачот придонесува за подобра прегледност и со тоа овозможува многу поспокојно возење. Новиот Duster е посигурен и поради сериски вградениот систем ABS со системот за помош при ненадејно сопирање и системот за надзор на стабилноста на возилото (ESP). Тие системи овозможуваат ефикасно сопирање и подобра стабилност на возилото. Сигурноста е карактеристика и на моторот. Бидејќи вашиот нов Duster е конструиран за долготрајна употреба, може да остане нов долго време! Неговата вистинска сигурност ја потврдува и гаранцијата од 3 години, односно 100.000 km (по исполнување на еден од двата наведени услови). Тоа е толку едноставно.

Верзија Base Основна опрема Основна опрема Систем ABS + AFU Серво управувач Воздушна перница за возачот Воздушна перница за патникот на предното седиште Пакет опрема за поголема сигурност (1) Задна клупа за седење 1/1 Полица од багажникот што се преклопува Резервно тркало Верзија Ambiance 3 потпирачи за глава на задните седишта Систем за контрола на стабилноста на возилото (ESP) Браник и рачки на вратите во црна боја Нови предни светла со двојна оптика и црна маска Индикатор за промена на степенот на пренос Челични тркала од 16 Економичен начин на возење ECO Припрема за радио Опции Пластични патосници во патничкиот простор и во багажникот Црни надолжни покривни носачи Пакет опрема за поголема удобност (2) Прибор за пушачи (1) Пакет на опрема за поголема сигурност: странични воздушни перници + визуелен и звучен сигнал за предупредување на сигурносни појаси за патниците и за возачот. (2) Пакет опрема за поголема удобност: електрично подигање на задните стакла. Далечинско централно заклучување. Основна опрема Ambiance = Base + Основна опрема Ambiance = Base + Црни надолжни покривни носачи Пакет опрема за поголема сигурност (1) Горно светло во задниот дел Клима уред со рачно регулирање Опции Пластични патосници во патничкиот простор и во багажникот Систем MEDIA NAV Картографија на Европа Уред за регулирање и ограничување на брзината Dacia Plug & Radio (2) Пакет модуларност (3) Светла за магла Прибор за пушачи Металик боја (1) Пакет опрема за поголема удобност: електрично подигање на предните стакла. Далечинско централно заклучување. (2) Dacia Plug & Play Radio команди на управувачот + 4 звучници на вратите. (3) Пакет модуларност: задна клупа што се преклопува во сооднос 1/3-2/3, седиште на возачот што се регулира во висина, сигурносни појаси што се прилагодуваат по висина на предните седишта, управувач што се регулира во висина.

Верзија Lauréate Основна опрема Lauréate = Ambiance + Основна опрема Lauréate = Ambiance + Светла за магла Светло во предна преграда Електрични надворешни ретровизори со грејач Огледало во штитникот за сонце на предното седиште Пакет модуларност (1) Електрично импулсно придвижување на стаклото од страна на возачот Dacia Plug & Radio (2) Челични стилизирани тркала од 16 Надворешни рачки на вратата во боја на каросеријата Патен компјутер + индикатор за надворешна температура Браници во две бои: во боја на каросеријата и црни Кожен управувач и рачката на менувачот Опции Металик боја Систем MEDIA NAV Картографија на Европа Уред за регулирање и ограничување на брзината Седишта со грејачи Систем за помош при паркирање наназад Нови алуминиумски тркала од 16 Електрично придвижување на задните стакла Пакет LOOK (3) Кожни навлаки* * Предната страна на седиштата, наслоните и потпирачите за глава целосно се тапацирани со говедска кожа. (1) Пакет модуларност: задна клупа што се преклопува и се дели во сооднос 1/3-2/3, седиште на возачот што се регулира во висина, сигурносни појаси што се прилагодуваат по висина на предните седишта, управувач што се регулира во висина. (2) Dacia Plug & Radio: команди на управувачот + 4 звучници на вратите. (3) Пакет LOOK : надворешни видливи мат хром делови (продолжени штитници, обложени прагови, покривни носачи), дополнително затемнети задни стакла, куќишта на надворешните ретровизори Black Metal и алуминиумски тркала од 16 ).

Дополнителна опрема 1 3 4 6 8 ДОПОЛНИТЕЛНА НАДВОРЕШНА ОПРЕМА ЗА ЗАШТИТА И ПОДОБАР ИЗГЛЕД ПАКЕТ ОПРЕМА AVENTURE Со заштитната дополнителна опрема можете да ја истакнете издржливоста на вашиот Duster. 1. ЗАШТИТНИ ОБВИВКИ НА КАЛНИЦИТЕ И НА СТРАНИЧНИТЕ ЗАШТИТНИ ПРАГОВИ НА ДОЛНИОТ ДЕЛ ОД ВРАТАТА Заштитните обвивки ги штитат калниците (кат. бр.: 82 01 274 674) од гребење и удари (кал, камења). Заштитете го својот Duster од помали секојдневни удари на страничните прагови на долниот дел од вратите (кат. бр.: 80 87 257 25R). ПАКЕТ ОПРЕМА Off-ROAD Заштитете го својот Duster, а воедно обогатете го со единствен стил. 2. ЗАШТИТНА РАМКА НА БРАНИКОТ BULL BAR = ХРОМИРАНА ЗАШТИТА Покажете го авантуристичкиот карактер на Duster и заштитете го предниот браник (кат. бр.:82 01 474 320). 3. СТРАНИЧНИ СКАЛИ Скали кои го олеснуваат влегувањето и излегувањето од возилото е вистинска дополнителна опрема за истакнување на карактерот на едно возило со погон на четири тркала (кат. бр.: 82 01 474 334) (кат. бр.: 82 01 480 524). ОСТАНАТА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА 4. ЗАШТИТНИ КАЛНИЦИ Предните и задните заштитни калници во склад со линијата на Вашиот Duster ефикасно ја штитат каросеријата од кал и од удари од камења. (кат. бр. 63 85 374 20R - предни; 78 81 218 85R - задни). Дизајн 5. ХРОМИРАНИ ПРЕДНИ И СТРАНИЧНИ УКРАСНИ ПРАГОВИ. УКРАСНИ КАПАЦИ НА МАГЛЕНКИТЕ ЛЕСНИ ТРКАЛА Елегантни стилски прагови кои дополнително го истакнуваат моќниот изглед на Duster. Надворешна заштита на браникот (кат. бр.: 75 89 030 88R) Украсните капаци за светлата за магла (кат.бр.: 82 01 308 996) ја истакнуваат предната линија на вашиот Duster. Лесните тркала го истакнуваат новиот надворешен дизајн на Duster и придонесуваат за неговиот единствен стил. кат. бр.: 16 црни мат 82 01 440 933 / 16 сребрени 82 01 440 932). 6. СПОЈЛЕР НА ПОКРИВОТ Обликувајте го вашиот Duster според вашите желби со помош на спојлери целосно прилагодени со дизајнот на Вашето возило. Достапни се во црна мат боја, а можете да го обоите во согласност со вашата каросерија (кат. бр.: 82 01 388 525). 7. ХРОМИРАНИ КУЌИШТА НА НАДВОРЕШНИТЕ РЕТРОВИЗОРИ Бидете поинакви од другите и изберете хромирани куќишта за надворешните ретровизори кои ќе го истакнат изгледот на вашето возило (кат. бр.: 82 01 456 216). 8. ЗАШТИТНИ КАПАЦИ НА ПРАГОВИТЕ ОД ВРАТИТЕ Заштитете го долниот дел од вратата на својот Duster со стил (кат. бр.: 82 01 420 616).

удобност и заштита ПАКЕТ ОПРЕМА ЗА ПОГОЛЕМА УДОБНОСТ Разубавете ги патувањата со својот Duster со најголема удобност и заштита. 1. ПРЕДЕН НАСЛОН ЗА РАЦЕ За поголема удобност во возењето додаден е средишен наслон за рацете и дополнителен простор за складирање со капацитет од еден литар (кат. бр.: 87 70 031 75R). 2. ТЕКСТИЛНИ ТЕПИСИ МАДРИГАЛ Текстилните теписи Мадригал (кат. бр.: 82 01 452 808) изработени по мерка овозможуваат оптимална заштита на оригиналната подна облога на Вашиот Duster и целосно се усогласени со внатрешноста на возилото. 3. ГУМЕНИ ТЕПИСИ СО ВИСОКИ РАБОВИ Гумени теписи направени по мерка со високи рабови кои се доста трајни и едноставни за одржување, ефикасно штитат од снег и кал (кат.бр.: 82 01 452 812). 4. ОБЛОЖЕН ПРАГ НА БАГАЖНИКОТ Со елегантно обложување на прагот на багажникот се заштитува прагот за товарање на возилото (кат. бр.: 84 99 338 83R). 5. КОРИТО ЗА ДНОТО НА БАГАЖНИКОТ Издржливо водоотпорно корито кое го штити багажникот при превоз на нечисти предмети. Едноставно се вади и целосно е прилагодено на багажникот од Вашето возило. (кат. бр.: 4WD - 82 01 289 754; 2WD - 84 97 511 16R). ОСТАНАТА ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА 2 3 5 6 6. ПРЕГРАДНА МРЕЖА Преградната мрежа е навистина потребна дополнителна опрема за осигурување на безбедноста на вашиот домашен миленик. Создава вистинска преграда меѓу багажникот и патничката кабина (кат. бе.: 82 01 452 827). ТРАНСПОРТ И УДОБНОСТ 7. НОСАЧ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ За своите активности во слободно време изберете го носачот за велосипеди на куката за влечење, кој ви овозможува едноставно да ги превезувате велосипедите на целото семејство. Тој се прицврстува на сите видови куки за влечење. За оптимална употреба на носачот за велосипеди потребен е посебен завршеток на издувната цевка, кој Dacia посебно го направила за таа цел (кат.бр.: 77 11 430 093-7PIN; 77 11 430 094-13PIN). 7.-8. ФИКСЕН ПРОДОЛЖЕТОК НА КУКАТА ЗА ВЛЕЧЕЊЕ Одобено издржливата кука за влечење ги задоволува најстрогите сигурносни стандарди и нуди неколку можности за сосема сигурен превоз и влечење. Достапна е и стандардна кука за влечење (кат. бр.: 82 01 271 008 + 82 01 271 010). 9. НОСАЧ ЗА СКИИ Едноставниот носач за скии овозможува превоз на сите видови скии (кат. бр.: 77 11 420 778 за 4 пара). 9.-10. ЧЕЛИЧНИ ПОКРИВНИ НОСАЧИ Монтажата на носачот е брза и едноставна. Овозможува сосема безбеден превоз на покривен затворен багажник, носач за скии или носач за велосипеди (кат. бр.: 82 01 407 085). 10. ПОКРИВЕН ЗАТВОРЕН БАГАЖНИК (САНДАК) За само неколку минути може да се постави тврдиот покривен затворен багажник на Dacia, со што се добива дополнителен простор за багаж. 11. СИСТЕМ ЗА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ СО СЕНЗОРИ НА ПРЕДНИОТ И ЗАДНИОТ ДЕЛ Системот го олеснува маневрирањето при паркирање и овозможува регистрирање на пречки во кои би можеле да удрите со својот Duster (кат. бр.: 82 01 457 602 - предни; 28 44 757 53R - задни). 12. АЛАРМ Со алармот на Dacia ефикасно ја намалувате опасноста од кражба на Вашиот Duster и на предметите во патничкиот простор (за возила со централно заклучување: 82 01 302 697; за возила без централно заклучување: 82 01 302 687). 8 9 10 11 12

Moтори 1.6 16V 115 1.6 16V 115 1,2 Tce 125 1.2 Tce 125 1.5 dci 90 1.5 dci 110 1.5 dci 110 4 x 2 4 x 4 бензин/плин 4 x 4 4 x 2 4 x 2 4 x 2 4 x 4 Код на мотор AV AV AV AW AJ J9 J9 Вид на менувач Рачен 5-степени Рачен 6-степени Рачен 6-степени Рачен 6-степени Рачен 6-степени Рачен 6-степени Рачен 6-степени Ниво на емисии Euro 6b Euro 6b Euro 6b Euro 6b Euro 6b Euro 6b Euro 6b Број на седишта 5 Довод на воздух Атмосферски Атмосферски Турбополнач Турбополнач Турбополнач Турбополнач со променлива геометрија Турбополнач со променлива геометрија МОТОР Вид на моторот H4M738 H4M730 HSFT410 H5Ft 408 K9K G5 628 K9K G6 656 K9K G6 658 Обем на моторот (cm 3 ) 1 598 1 598 1 197 1 197 1 461 1 461 1 461 Пречник x од (mm) 78 x 83,6 78 x 83,6 72,2 x 73,2 72 x 73,2 72,2 x 73,2 76 x 80,5 76 x 80,5 Број на цилиндри 4/16 4/16 4/16 4/16 4/8 4/8 4/8 Степен на компресија 10,7 10,7 9,25 9,5 15,5 15,5 15,5 Најголема сила во kw спрема норма CEE (KS) 84 (115) 84 (115) 93 (125) 92 (125) 66 (90) 80 (110) 80 (110) Број вртежи при најголема сила (вртежи/минута) 5500 5500 5250 5250 4000 4000 4000 Најголем вртежен момент во Nm 156 156 205 205 200 260 260 Број на вртежи при најголем вртежен момент (вртежи/минута) 4000 4000 2000 2000 1750 1750 1750 Вид вбризгување Мулти-точка секвенцијален Индиректно вбризгување Индиректно вбризгување Индиректно вбризгување + мулти точка Гориво Бензин Бензин Бензин Бензин Дизел Дизел Дизел Филтер на честички - - - - Сериски Сериски Сериски МЕНУВАЧ Вид JRQ*395 TL8*008 TL8 004 TL4 082 TL4 075 TL8 005 Број на степени 5 6 6 6 6 6 6 Брзина при 1000 (вртежи/минута) во 1./2./3. степен 7,72 5,79 5,79 7,58 7,98 7,98 5,79 Во 2. 14,05 9,97 9,97 14,50 15,27 15,27 9,97 Во 3. 21,77 15,27 15,80 21,36 22,49 22,49 15,80 Во 4. 29,61 22,03 23,16 28,97 30,50 30,50 23,16 Во 5. 38,05 28,22 31,83 37,01 38,94 38,97 31,83 Во 6. - 35,27 41,82 44,25 46,60 46,60 41,82 УПРАВУВАЧКИ МЕХАНИЗАМ Управувач / серво (вид) Серво (хидраулично) Пречник на кругот при вртење помеѓу гумите/ѕидовите (m) 10,44 / 10,76 Број вртежи на управувачот помеѓу крајните положби 3,3 СУСПЕНЗИЈА Предна суспензија Mc-Pherson со долни триаголни раменици и стабилизатор Задна суспензија Еласнична осовина со програмирано деформирање и спирални пружини ДА - - ДА ДА ДА - Мултилинк тип Mac Pherson - ДА ДА - - - ДА МОТОР 1.6 16V 115 1.6 16V 115 1.2 Tce 125 1.2 TCE 125 1.5 dci 90 1.5 dci 109 1.5 dci 109 ТРКАЛА И ГУМИ Фелни 6,5 J 16 Гуми предни и задни 215/65 R 16 M+S СИСТЕМ ЗА СОПИРАЊЕ Вид на сопирачкиот круг X ABS Bosch 8.0 Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Помош при нагло сопирање Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Електронска распределба на силата на сопирање Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски ESP+ASR Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Сериски Серво сопирачки: едноклипни (S) двоклипни (D) R('') S - 10" Напред: вентиликани дискови (DV) пречник (mm)/дебелина (mm) DV 269 / 22 DV 269 / 22 DV 280/24 DV 280 / 24 DV 280 / 24 DV 280 / 24 DV 280 / 24 Назад: барабани (T) / дебелина (во инчи) T - 9 инчни ПЕРФОРМАНСИ Аеродинамика - Површина на отпор SCx (m²) 2,42 / 0,42 Најголема брзина (km/h) 170 168 177 175 156 169 168 0 100 km/h (s) 11,0 12,0 11,0 10,4 13,8 11,8 12,4 400 m/1000 m од место (s) 17,8 18,5 17,8 17,2 19,1 18,1 18,7 1 000 m од 0 (s) 32,2 33,8 32,7 32,1 36,1 34,2 34,5 ПОТРОШУВАЧКА И ЕМИСИИ (во l/100 km и g/km) CO 2 (g/km) 145 155 145 138 115 115 123 Градско возење (l/100 km) 7,7 8 7,1 7,3 4,5 4,5 4,8 Меѓуградско возење (l/100 km) 5,6 6,2 6 5,5 4,3 4,3 4,7 Комбинирано возење (l/100 km) 6,4 6,8 6,4 6,1 4,4 4,4 4,7 РЕЗЕРВОАР ЗА ГОРИВО Волумен (l) 50 50 50 50 50 50 50 МАСА (kg) Маса на празно возило подготвено за возење (без дополнителна опрема) 1250 1360 1250 1360 1250 1250 1360 Маса на преден дел на празно возило подготвено за возење (kg) 688 740 812 770 790 788 822 Маса на заден дел на празно возило подготвено за возење (kg) 477 540 575 506 490 492 573 Дозволен капацитет **(kg) 1697 1804 1870 1751 1775 1795 1875 Најголема дозволена маса со приколка (kg) 2897 3304 3370 2951 2975 2995 3375 Најголема дозволена маса со приколка со сопирачки (kg) 1500 1500 1500 1500 1500 1500 1500 Најголема дозволена маса со приколка без сопирачки (kg) 580 640 690 635 640 640 695 ТЕРЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ Нагазна длабочина (mm) 350

Димензии Dacia Duster phase 2 КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИКОТ (dm 3 стандард ISO 3832) 4 x 2 4 x 4 Во багажен простор со комплет за поправање/резервно тркало 475 / 475 443 / 408 Најголем со преклопена задна клупа со комплет за поправање/ резервно тркало 1636 / 1636 1504 / 1570 Y2 N1 M1 N M ДИМЕНЗИИ (mm) А Растојание меѓу оските 2674 B Вкупна должина на возилото 4315 C Натстрешници од напред F 816 D Натстрешници од назад 825 E Траг од напред 1559 F Траг од назад 1560 G Вкупна ширина на возилото со надворешни ретровизори 2000 H Висина со покривни носачи 1695 K Оддалеченост од земјата на празно возило 205 / 210 L Простор во подрачјето на коленото од назад 170 M Ширина во висината на лактите од напред 1411 M1 Ширина во висина на лактите од назад 1440 N Ширина во висина на рамениците од напред 1 387 N1 Ширина во висина на рамениците од назад 1400 P1 Оддалеченост од колковите до таванот на предните седишта 905 P2 Оддалеченост од колковите до таванот на задните седишта 894 Y2 Внатрешна ширина меѓу калниците 1002 Z1 Должина за товарање со исправена задна клупа 992 Z2 Должина за товарање со преклопена задна клупа 1760 F ВЛЕЗЕН/ИЗЛЕЗЕН АГОЛ 1 Напред 29,3 2 Во средина 23 3 Назад 34,9 Неметалик бои Металик бои Ледено бела (369) сина NAVY (D42) сива PLATINE (D69) сива ТЕМНОСИВА (KNA) црна NACRé (676) кафена cajou (CNA) МАСЛИНЕСТО ЗЕЛЕНА (C67)

Dacia Таков автомобил по толку поволна цена? Мора да се шегувате. НЕ. СОСЕМА СПРОТИВНО. Ние во Dacia први изглед кој ја зголемува вредноста на DACIA, МАРКА НА ГРУПАЦИЈАТА RENAULT, создадовме ознаката Dacia eco 2. помисливме на тоа дека еден поволен автомобилот. Покрај тоа, моделите на Dacia во текот на процесот на осмислување Возилата од марка Dacia се произведуваат автомобил може да биде привлечен, имаат изобилство простор и великодушно на возилото се потпира на докажаните во фабриките со сертификат ISO 14 001, сигурен и квалитетен. Нешто ни кажува ги примаат сите патници и нивниот багаж. ефикасни и сигурни технички решенија. 85% од возилото може да се рециклира, дека бевме во право... Нашите модели се Тој успех е последица на една едноставна Поради тоа на своите купувачи им нудиме вградените дизел мотори имаат емисија покажале како сигурни и цврсти. Најновите идеја: автомобилите можеме да ги сакаме и гаранција од три години и мали трошоци на CO 2 помала од 120 g/km. Заради тоа модели на Dacia предизвикаа вистинско да ни требаат, но тоа не значи дека за нив за користење. Како знак на тоа дека што сме убедени дека нашата грижа изненадување со својот препознатлив треба да дадеме едно цело мало богатство. истовремено се грижиме и за околината, ја за средината не смее да има цена. Automotive GROUP D.o.o.E.L., МАЈ, 2014 Преземени се сите потребни мерки за содржината на овој материјал да биде точна и ажурирана во моментот на печатењето. Овој документ е составен врз основа на претходни серии или прототипи. Согласно со својата политика за постојано подобрување на производот, Dacia го задржува правото во секое време да ги измени карактеристиките на возилото и на дополнителната опрема што се опишани и претставени во оваа брошура. Концесионерите на Dacia се известуваат за тие измени во најкус можен рок. Во зависност од земјата во која се продава возилото, верзиите може да се разликуваат, а некои делови од опремата може да не бидат достапни (сериски, како опција или како дополнителна опрема). Во полза на прибирање точни информации за возилото ве молиме да контактирате со нашите концесионери. Поради техничките ограничувања на печатениот материјал, боите во овој материјал може донекаде да се разликуваат од вистинските бои на каросеријата на возилото или на материјалот во внатрешноста на возилото. Dacia ги задржува сите права. * При исполнување на првиот од двата наведени услова. www.dacia.mk