Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Република Македонија

Like dokumenter
УПАТСТВО. Дигитално потпишување документи во MS Office

ОДЛУКА ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ВРШЕЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКА ДЕЈНОСТ ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ БИТОЛА ОТСЕК ЗА СООБРАЌАЈ И ТРАНСПОРТ

Матрица претставува правоаголна или квадратна шема од броеви и се запишува: Ред 1

ПАРТНЕРИ ВО РЕФОРМИТЕ Избор на проекти финансирани од ЕУ

Текстот е извадок од ТРЕТ национален план за климатски промени :

Подготовката и печатењето на публикацијата е финансиски подржано од Фондацијата отворено општество Македонија - ФООМ

Универзитет Св. Кирил и Методиј Скопје. Природно математички факултет. Институт за математика БОЕЊЕ ГРАФОВИ. Април, 2016 година

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

VODI^ ZA ORGANSKO PROIZVODSTVO NA SOJA Prof. d-r Qup~o MIHAJLOV

ВОДИЧ ЗА ПРИВАТНИТЕ АГЕНЦИИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Регулатива, мониторинг и примена

Осигурување. Логистика. Асс М р Христина Танеска

Осигурување. Детеминирање на осигурувањето. Асс М р Христина Танеска

Упатство за користење на Е Дневникот

Масло за 4-тактни мотори. Стапете во контакт со Информативниот центар за отрови

2 Класификација на зградите

5. РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО БИОЛОГИЈА (одговори) 9.одделение

Оваа постапка се повторува се додека сите темиња не ги приклучиме во множеството U.

Туризам, принципи и практика. Доц. д-р Сашко Граматниковски M-р Марина Стојмирова

ДОЈРАН. ОПШТИНА ДОЈРАН Бр.01

spoj na umetnosta НОВИОТ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА СВЕЧЕНО ЈА pрими ДОЛЖНОСТА ЧЕСТ, ГОРДОСТ И ГОЛЕМА ОДГОВОРНОСТ

Корисничко упатство. Контакт телефон: 02/15-600

Не биди пречка -патеката е за мечка

Откријте го светот на геосинтетиците. Каталог на производи

Технички факултет Битола/Обука за енергетски контролори. Под притисок на флуид се подразбира сила што делува на единица површина.

С О Д Р Ж И Н А. Број 128 Год. LXV Четврток, 22 октомври 2009 Цена на овој број е 220 денари.

Модернистички пристап-маршал Маклуан

СОВЕТ НА ЕВРОПА ЧУВАР НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА РЕЗИМЕ

ИЗВЕШТАЈ ДО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ОДНОС НА ПОСЕТАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА СПРОВЕДЕНА ОД ЕВРОПСКИОТ КОМИТЕТ

КОНТРОВЕРЗИИ ЗА ВЛАДИНИОТ ПРОЕКТ КОМПЈУТЕР ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

Упатство за користење на програмата. oxpriemen

УКАЗ ЗАКОН ЗИ.

Ви благодариме. Ви благодарам за уште едно неверојатно Глобално рели и за тоа што навистина го претворивте во уникатно доживување.

PROMOTIVNI PROIZVODI

ФАКУЛТЕТ ЗА ИНФОРМАТИЧКИ И КОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ БИТОЛА

РАЗВОЈОТ НА ПРОМЕНИТЕ ВО СЕСТРИНСТВОТО. Панова Гордана,Панова Б.Шуманов Ѓ.Величкова Н.Николовска Л.

Обнова на возниот парк и искуство со новите автобуси на ЈСП СКОПЈЕ. Чалоски Марко, дипл.маш.инж. Скопје,

НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. Вторник, 22 февруари 2000 Скопје. а) Моторни бензини. в) Масло за горење - екстра лесно (ЕЛ)

Алкини АЛКИНИ. Органска хемија применета во фармација Институт за применета хемија и фармацевтски анализи Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

Samsung каталог. проектори. дигитални рамки за слики. HDTV монитори

БИОМОЛЕКУЛИ НУКЛЕИНСКИ КИСЕЛИНИ. III ДЕЛ 2016 НАТАША РИСТОВСКА ИНСТИТУТ ПО ХЕМИЈА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ, СКОПЈЕ

Твојата најдобра верзија

Приемник кој вe воведува во новиот свет на HD резолуција УПАТСТВО. ЗА ДИГАТЕЛЕН САТЕЛИТСКИ ПРИЕМНИК hd dvb-s2

Digital HD DVB-C Set Top Box

Проф. Д-р Елисавета Стикова Институт за јавно здравје на Република Македонија УКИМ - Медицински Факултет, Скопје

НА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА 44.

Новиот Dacia Duster, добредојдовте во реалниот свет.

Среда, 29 карт 1967 БЕЛГРАД 208.

Искористете го животот до максимум. Добредојдовте во светот на KIA.

ZA SVIKUVAWE NA 17 TO GODI{NO SOBRANIE NA AKCIONERITE NA SKOPSKI PAZAR A.D. SO PREDLOG NA DNEVEN RED

ANTI-AGING = БАВНО ДА СТАРЕЕМЕ

ЧУВСТАТА ШТО ГИ ПРЕДИЗВИКУВААТ НЕГОВИТЕО ДЕЛА ОСТАНУВААТ ВО ДУШАТА

I. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

/ Свим понуђачима који су преузели конкурсну документацију за јавну набавку 14/2017

Софија - Катанија - Софија. 8 дена / 7 ноќевања авионска програма

Реконструктивна хирургија на аортен корен

КАТАЛОГ АЛАТИ 2013 / 2014

Преглед и промене XML-a шифарника који се користе при електронском фактурисању медицинско-техничких помагала верзија 1.0.2

Обојене Петријеве мреже

И З В Е Ш Т А Ј ЗА РАБОТАТА НА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ЗА ПЕРИОДОТ ГОДИНА КАРАТЕ ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

РАЧУНАРСКА ТЕХНИКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ИЗБОРНИХ ПРЕДМЕТА ПРВЕ ГОДИНЕ ШКОЛСКA 2016/17. ГОДИНУ

Предмет: I - Измена и допуна конкурсне документације за ЈНВВ 02/2016 МАТЕРИЈАЛ ЗА ДИЈАЛИЗУ

СР ЂА Н ВИД РИ Ћ, рођен у Зрењан ин у. П и ше есе је и к њи жев н у к ри т и к у, о б ја в љу је у пе ри о д и ц и.

На основу члана 108. Закона о јавним набавкама директор Дома здравља Др Јован Јовановић Змај Стара Пазова, доноси следећу:

Аутомобиле СК Ексклузивен увозник за Македонија и Косово

ДВАДЕСЕТ ЧЕТВРТО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

ДВАДЕСЕТДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

ДВАДЕСЕТ ДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

А К Т У Е Л Н А П И ТА ЊА РЕ СТ И Т У Ц И Ј Е У СР БИ Ј И

ЕЛЕКТРОНИКА И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИЈЕ

ДВАДЕСЕТПРВО РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

СИ МА ГРК. Да вид Ал ба ха ри

(upublisert, april 2007) (необјављена песма, април 2007)

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

АНКЕТА ЗА СТУДЕНТЕ ПРВЕ ГОДИНЕ СТУДИЈА

ЕЛЕКТРОНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ТРЕЋЕГ РАЗРЕДА

ДВАДЕСЕТ ТРЕЋЕ РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ДРУГОГ РАЗРЕДА

ДВАДЕСЕТ ДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

ОДЛУКУ о додели уговора

Основи програмирања 1

ДВАДЕСЕТТРЕЋЕ РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ РЕШЕЊА ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

ЗАДАТАК ЗА ПРАКТИЧАН РАД

ЈП САВА ЦЕНТАР Нови Београд Милентија Поповића 9 К О Н К У Р С Н А Д О К У М Е Н Т А Ц И Ј А. Јавна набавка мале вредности број 35/17

ДВАДЕСЕТПРВО РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ ЗАДАЦИ ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

ДВАДЕСЕТ ДРУГО РЕГИОНАЛНО ТАКМИЧЕЊЕ ЗАДАЦИ ИЗ ОСНОВА ЕЛЕКТРОТЕХНИКЕ ЗА УЧЕНИКЕ ПРВОГ РАЗРЕДА

Агилни развој софтвера

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА. Дом здравља Др Милутин Ивковић Палилула

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА у поступку јавне набавке мале вредности добара Оригинални тонери, Редни број набавке: М-4/16

ОПШТИНА БАЈИНА БАШТА ОПШТИНСКА УПРАВА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ЈАВНУ НАБАВКУ УСЛУГА: УСЛУГЕ ОДРЖАВАЊА АУТОМОБИЛА ЈАВНА НАБАВКА МАЛЕ ВРЕДНОСТИ

ЈАВНО ПРЕДУЗЕЋЕ ''ТОПЛИФИКАЦИЈА'' Пожаревац, Трг Радомира Вујовића бр.2

ЈАВНА НАБАВКА ЛЕКОВА И САНИТЕТСКОГ МАТЕРИЈАЛА. ОТВОРЕНИ ПОСТУПАК ЈАВНА НАБАВКА бр /2

Криптологија Асиметрични шифарски системи ~ Дифи-Хелман ~

ДВАДЕСЕТПРВО РЕПУБЛИЧКО ТАКМИЧЕЊЕ ПИТАЊА И ЗАДАЦИ ИЗ ИЗ ЕНЕРГЕТСКЕ ЕЛЕКТРОНИКЕ

САДРЖАЈ 5. ОБРАЗАЦ СТРУКТУРЕ ПОНУЂЕНЕ ЦЕНЕ СА УПУТСТВОМ КАКО ДА СЕ ПОПУНИ 6. ИЗЈАВА ПОНУЂАЧА ДА ЋЕ ИЗВРШЕЊЕ НАБАВКЕ ДЕЛИМИЧНО ПОВЕРИТИ ПОДИЗВОЂАЧУ

ОПШТИНСКА УПРАВА ОПШТИНЕ НЕГОТИН НАЧЕЛНИК Трг Стевана Мокрањца 1, Неготин. Број јавне набавке 7/2017. Јавна набавка мале вредности

СПЕЦИЈАЛНА БОЛНИЦА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈУ ИВАЊИЦА КОНКУРСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА

Колоквијум траје 150 минута. Дозвољено је поседовање само једне свеске за рад и концепт. Прецртати оно што није за преглед.

Набавка тонера и кертриџа за штампаче и мултифункционалне уређаје

Transkript:

Центар за Промоција на Одржливи земјоделски практики и рурален развој Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Република Македонија

Проектот, Промотивна кампања за користење на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржливи земјоделски практики во руралните средини, се имплементира од ЦеПроСАРД во соработка со Светска Банка. Целта на овој проект е да информира и да го подобри знаењето за можностите на искористување на обновливи извори на енергија и подобрување на енергетската ефикасност во земјоделството и руралните средини во Македонија, како и нивното влијание врз животната средина и климатските промени. Информациите содржани во оваа брошура се добиени од препораките на студиите подготвени од ЦеПроСАРД, во рамките на проектот АгроЕнергија. Овие препораки даваат насоки за соодветно искористување на обновливите извори на енергија и подобрување на енергетска ефикасност во земјоделството и руралните средини. Истовремено, со цел да се поврзат крајните корисници и владините институции кои обезбедуваат поддршка во овие области, во брошурата се наведени информации во кои се содржани владините мерки за поддршка во оваа област. Информациите се обезбедени од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Министерството за економија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за енергетика на Република Македонија. Оваа брошура претставува едукативен материјал, кој ќе биде дистрибуиран на пет промотивни сесии во Гостивар, Виница, Битола, Струмица и Скопје. Сесиите се наменети за земјоделците, нивните организации и асоцијации како и за локалната власт која е одговорна за заштита на животната средина и локалниот развој. Брошурата ќе се дистрибуира и преку мрежата иницирана и воспоставена, во рамките на активностите на ЦеПроСАРД. 2 Скопје, 2009

Содржина Вовед...4 1. Обновливи извори на енергија...4 1.1 Сончева енергија...4 1.2 Геотермална енергија...5 1.3 Биомаса...5 2. Енергетска ефикасност...6 2.1 Изградба на еко куќи...7 3. Обновливите извори на енергија и енергетската Ефикасност и нивната улога во земјоделството...8 3.1 Поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ...9 4. Обновливите извори на енергија и енергетската Ефикасност и нивното влијание во енергетскиот сектор...10 4.1 Улога на Агенцијата за енерегетика во поддршката на ОИЕ и ЕЕ...12 5. Обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, чекор напред кон заштита на животната средина - мерки за поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање...14 6. Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност во проектот АгроЕнергија...16 6.1 Препораки од студиите изработени во рамките на преоктот Агроенергија...17 3

Вовед 1Обновливи извори на енергија Земјоделството е една од носечките економски дејности во руралните средини во Република Македонија. Поради тоа, претставува и еден од главните потрошувачи на енергија во руралните средини. Во потрошувачката на енергија, во земјоделството, доминираат нафтените деривати (за земјоделските машини и загревање на оранжерии) со 63%, следи геотермалната енергија (за загревање на оранжерии) со 27%, електричната енергија со 7% и биомасата со 3%. Потрошувачката на енергија, во овој сектор, од жител е околу три пати помала од потрошувачката кај развиените европски земји. Меѓутоа, пресметано на единица БДП, потрошувачката е нешто повисока отколку кај развиените европски земји, што е резултат од неефикасното користење на енергијата. Обновливите извори на енергија, кои се лесно достапни во руралните области, во најголема мера се неискористени и најчесто претставуваат отпад од самиот процес на производство. Инвестирањето во нови технологии ќе придонесе за нивно искористување, со што ќе се зголеми производството, ќе се создадат нови работни места и ќе се обезбеди социјална сигурност. Воведувањето на енергетската ефикасност и поголемото искористување на обновливите извори на енергија придонесува кон остварување на позитивни финансиски ефекти и зачувување на животната средина. 1.1 Сончева енергија Просечното сончево зрачење во Македонија, изнесува 3,8 kwh/ m 2, што е за околу 30% повисоко од просечната вредност во многу европски земји. Просечното дневно сончево зрачење варира помеѓу 3,4 kwh/m 2 во северниот дел од Македонија (Скопје) и 4,2 kwh/m 2 во југозападниот дел (Битола). Според условите на географскиот појас во кој се поставени метеоролошките станици, вкупното годишно сончево зрачење варира од минимум 1.250 kwh/m 2, во северниот дел, до максимум 1.530 kwh/m 2 во југо-западниот дел што доведува до просечно годишно сончево зрачење од 1.385 kwh/m 2. Овие услови овозможуваат поголема употреба на сончевата енергија во земјоделството. Со оглед на фактот дека земјоделските стопанства се големи потрошувачи на топла вода, сончевата енергија може да се користи за згревање на вода. Дневните потреби од топла вода, на фармите, варираат во зависност од големината на фармата, а најчесто се покриваат со користење на дрва или други извори на енергија. Технологијата за згревање на вода, со сончеви колектори, може да ја поттикне масовната употреба на сончевата енергија во земјоделството, врз основа на нивната економичност, ефектите врз животната средина и социјалните придобивки, но исто така и како резулатат на нивната едноставност и флексибилност. Пазарот за овие технологии, во Македонија има растечки тренд. На пазарот се присутни поголем број добавувачи и производители на опрема, што ја олеснува набавката, инсталацијата и одржувањето на опремата. 4 Скопје, 2009

1.2 Геотермална енергија На територијата на Република Македонија, постои значителен потенцијал на геотермална енергија којашто секаде во светот се третира како неисцрпен извор на топлинска енергија. Просечната температура на геотермалната вода, во геотермалните басени на територијата на Кочани, Струмица, Гевгелија, Дебар, Кратово, Куманово и Катланово, просечно изнесува помеѓу 30-78 и во моментов, најмногу се користи за загревање на оранжерии. Сепак, изворите на геотермална вода се недоволно искористени со просечно производство од 210 GWh годишно, чија улога во потрошувачката на енергија, во енергетскиот биланс, изнесува помалку од 0,5%. Оранжерискиот сектор, има огромен потенцијал кој се должи на поволните климатски услови и можноста за употреба на обновливи извори на енергија за греење каде што спаѓа и геотермалната енергија. 1.3 Биомаса Биомасата, од растително потекло, е обновлив енерегетски извор со големо значење за снабдувањето со енергија во блиска иднина во глобални рамки. Тоа се должи на низа нејзини предности пред другите извори на енергија, а посебно пред фосилните горива, што се гледа во следново: помало загадување при согорувањето, годишното обновување (агробиомаса) или прираст (шумска биомаса), споредбено лесна достапност, рамномерно географско распоредување, можности за искористување на материите кои ја загадуваат животната средина како и нејзината атрактивна цена. Енергетските носители, од растителната биомаса, можат да бидат примарни (природно дрво, слама, стебла од земјоделски култури и др.) и секундарни, добиени со механичка обработка згуснување (брикети и пелети) или со хемиска преработка (растително масло, алкохол, хартија и др.). Со производство на пелети и со користење на биомасата од земјоделското производство и од шумите во непосредна близина на руралните заедници, може да се задоволат потребите за топлинска енергија. Ефикасен систем за приозводство на пелети и брикети на местото на создавање на биомасата може да се постигне со примена на мобилни системи за производство. Овие системи се мали по димензии, едноставни за ракување и не бараат посебни просторни услови за нивно функционирање и чување. Нивната примена ги елминира трошоците за транспорт на биомасата, со што единствените трошоци за воспоставување на ваква технологија се трошоците за набавка на системи. Воведувањето на производство на брикети и пелети од биомаса, може да поттикне отворање и развој на компании чијашто дејност е производство на опрема и технологии за прозводство на брикети и пелети, кои во Р. Македонија сè уште ги нема. Исто така, ќе се поттикне производството на соодветни системи за согорување со автоматско дозирање. Сето ова ќе придонесе во остварувањето на дополнителна економска корист, не само во руралните заедници, туку и во веќе развиените градови во Р. Македонија. 5

2 Енергетска Ефикасност Потребата од заштеда на енергија, наложува поставување на добра еколошка изолација уште при градежната изведба на објектот. Со поставување на изолацијата, се подобрува топлинската и звучната заштита, пожарната отпорност, објектот се заштитува од влага, а истовремено се остварува повисок квалитет на живеење. Финансиската заштеда на фармерот, е мотив повеќе, да се примени добра изолација на фармите. Статистичките податоци во оваа област, прикажуваат состојби според кои за греење и вентилација на објектите се користат 60-70% од вкупните енергетски потреби на објектот. Загубите на топлина при слаба изолација на објектите, достигнуваат и до 70% од вкупните загуби на енергија. Во Македонија, вообичаено, објектите на фармите се несоодветно лоцирани, лошо проектирани и одржувани, не се изолирани и се поголеми потрошувачи на енергија за греење и ладење отколку професионално проектираните и изведени објекти. Користењето на традиционалните материјали за градба (камен, дрво, слама, тула) на фармите за изградба на објектите, наменети за семејните домаќинства и за одгледување на животните, заменети се со современи материјали (бетон, армиран бетон и челик). Термичкиот преглед на објектите на фармите, направени од страна на ЦеПроСАРД, потврдуваат дека фармите најчесто се изградени без соодветна изолација и климатизација. Како резултат на тоа, фармерот има зголемени трошоци за храна, животните во состојба на стрес опстануваат, а производството и покрај зголемените трошоци е значително помало од очекуваното. Во тие случаи, загубите во производството се големи, а приходите се помали во споредба со приходите добиени од производството во соодветни изолирани објекти. Во индустријата на одгледување на живина (несилки и бројлери), подобрувањето на енергетската ефикасност на објектите со поставување на изолација, претставува остварување на значителни заштеди на енергија и количество на потрошена храна за живината. Со подобрување на енергетската ефикасност на објектите кај живинарските фарми, се штеди и енергија потрошена за осветлување, вентилација и отстранување на отпадот. Енергетската ефикасност во градинарскиот сектор влијае врз регулирање на цената на градинарските производи. Најголем трошок во раноградинарското производство е загревањето на овие простори. Доколку овие простори се соодветно проектирани, се намалуваат трошоците за греење и приходите се поголеми. Вообичаено, во Македонија, не се прават термографски истражувања и снимања за утврдување на енергетската ефикасност на овие објекти. Успешниот приод, кон остварување на енергетската ефикасност, започнува на ниво на фарма во руралната средина и претставува локален проблем кој мора да биде решен на локално ниво. 6 Скопје, 2009

2.1 Изградба на еко-куќи Во Македонија, постои голем потенцијал за подобрување на енергетската ефикасност, преку изградба на еко-објекти, со користење на материјали кои се леснодостапни во руралните средини, а воедно имаат одлични изолациски карактеристики. Најмногу распространетите традиционални материјали, за градба во нашето поднебје, кои многу лесно можат да се најдат во руралните средини, имаат високи енергетско ефикасни перформанси, а исто така се и многу евтини, би можело да се искористат за изградба на еко-објекти. Како најдобри примери за искористување на природните материјали за градежни цели, се изградбата на еко-објекти, со употребувањето на шупливи блокови од бетон облагородени со оризова арпа и дрвени иверки како енергетски ефикасна замена за класична ѕидна конструкција. 7

Обновливите извори на енергија и енергетската 3ефикасност и нивната улога во земјоделството Мултифункционалноста на земјоделството е новото сфаќање на земјоделската дејност како полезна за животната средина и извор за производство и употреба на одржливи енергии биогас и биогорива. Земјоделската дејност има директно влијание на животната средина и интензивното култивирање или одгледувањето на добитокот имаат особено негативни влијанија на биодиверзитетот и водните ресурси. Реформите на заедничката земјоделска политика, познати како Фишлерова реформа се револуционерен пресврт во земјоделската политика од зголемување на производство на оптимализација на земјоделските активности за заштита на животната средина, познати како агроеколошки плаќања. Агроеколошките плаќања, се директни исплати на земјоделските производители за земјоделските активности кои се полезни за животната средина, но исто така се доделуваат за производство на т.н. нематеријални добра, односно одржување на руралните пејзажи и природни предели, особено во регионите кои се загрозени од напуштање на земјоделството и запуштање на земјоделското земјиште-особено карактеристично за ридско-планинските региони. Овие мерки, најпрво се вовеле на доброволна основа за да со новите модулации на заедничката земјоделска политика на ЕУ, станат дел од условите за добивање на директни исплати воопшто т.н. вкрстена сообразност. Од аспект на руралниот развој, инвестирање во производство на одржливи енергии. преку употреба на отпадот од земјоделската дејност, се воведуваат нови форми на поддршка на животниот стандард на руралната популација. Мерките за поддршка на инвестиции во производство на одржливи енергии, во руралните средини воопшто, е најактуелниот инструмент во ЕУ поради обврската и стремежите на земјите од ЕУ да ја заменат употребата на фосилни горива во 2020 година. Во услови на глобало затоплување, употребата на обновливите енергии добиваат на значење од аспект на заштита на животната средина. Во Македонија, еден од основните проблеми е неконтролирана употребата на дрвна маса како основен извор на енергија за загревање во руралните средини освен електричната енергија. Употребата на соларна енергија, геотермални води, биогас и микрохидро, значително ги намалува трошоците на енергија на руралната популација. Признавајќи ги овие состојби и можности, националната земјоделска политика се фокусира на подготовки за воведување на компензаторни плаќања за земјоделските производители кои на доброволна основа ќе применуваат дејности за заштита на животната средина преку практики за унапредување на почвата, заштита на површински и подземни води, заштита на биодиверзитетот, унапредување на традиционалните сорти итн. 8

3.1 Поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ Од 2009 година, во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот разво,ј за прв пат се воведе мерка со која се поддржуваат Инвестиции за производство и користење на обновливи енергии во рурални средини во висина од 18.000.000 денари. Цел на оваа мерка е употребата на алтернативни извори на енергија, во руралните средини, за да се намали потрошокот на електрична енергија, да се заштитат шумите од неконтролирано сечење и да се заштити животната средина, односно намалување на ефектите на стаклена градина кои допринесуваат кон глобалното затоплување. Со оваа мерка, се поттикнуваат инвестиции во конструкција и опрема за производство и употреба на обновливи енергии на земјоделско стопанство, особено за инвестиции во изградба и опремување на објекти за постројки, за производство и дистрибуција на обновлива енергија на фарма, притоа употребувајќи ги обновливите извори на енергија како ветер (особено на планински пасишта), вода, геотермални извори, како и енергија од биомаса влучително слама, отпадно дрво и биогас. Прифатливи трошоци за инвестиции под мерката се: набавка на опрема за инсталации за производство и користење на соларна енергија; набавка на опрема за инсталации за производство и користење на биогас; набавка на опрема за инсталации за производство и користење на ветерот како извор на енергија; набавка на опрема за инсталации за производство и користење на геотермална енергија; оперативни трошоци за инсталација на опрема. Земјоделските активности и жителите на фарма, можат да употребуваат технологии и техники за намалување на употреба на скапи енергии. Имплементација на биогас технологии, соларни ќелии, геотермални води и микро-хидротехнологии може да ја замени енергијата за загревање и електричната енергија и со тоа вишокот енергија да се пласира во националната мрежа на останати големи корисници. Исто така алтернативните извори на енергија допринесуваат кон зголемување на приходот на фарма преку продажба на енергија во енергетската мрежа, доколку се произведува во константни количества кои се поголеми од сопствените потреби. Начин на кофинансирање Средствата за гореопишаните инвестиции, се исплаќаат според принцип на ко-финансирање на реализирани инвестиции. Кофинансирањето на трошоците е во висина од 50% од вкупната вредност на одобрената инвестиција, освен за следниве случаи: 60% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделско стопанство; 65% од вредноста на одобрената инвестиција, за инвестиции поднесени од носител на земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје; 70% од вредноста на одобрената инвестиција за инвестиции, поднесени од носител на земјоделско стопанство од 18 години старост до 40 години старост, на денот на поднесување на инвестицијата или жена носител на земјоделско стопанство кое се наоѓа во ридско-планинско рурално подрачје. Потребни документи за пријавување Барање Образец ПРР - А1 Фотокопија од лична карта/пасош на подносителот/ одговорното лице Фотокопија од трансакциска сметка преку која ќе се извршуваат трансакциите/исплатите 9

Понуда или про-фактура со детална спецификација за планираната инвестиција - не постара од еден месец (само за инвестиции помали од 300.000,00 денари без вклучен ДДВ) Три понуди или про-фактури со детална спецификација од различни добавувачи - не постари од еден месец (само за инвестиции поголеми од 300.000,00 денари без вклучен ДДВ) Потврда за упис во единствен регистар на земјоделски стопанства како семејно земјоделско стопанство издадена од МЗШВ Договор за концесија за експлоатација на минерални суровини (важи само за инвестиции кои вклучуваат геотермални води) 4 Обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност и нивното влијание во енергетскиот сектор Поттикнувањето на инвестициите во обновлива енергија, како и поголемо вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската потрошувачка и зголемувањето на енергетската ефикасност, се една од главните стратешки цели на Владата на Република Македонија, во енергетскиот сектор. Секако, за успешна имплементација на вакви мерки, и од страна на Република Македонија, како земја кандидат и идна членка на Европската унија, активно работиме на усогласување на европското законодавство, особено во областа на енергетска ефикасност и обновливи изрвори на енергија, кое треба да претставува легална рамка за унапредување на сите натамошни мерки во овие области од енергетиката. Во Република Македонија, постојат поволни услови за искористување на обновливите извори на енергија, како што се: хидроенергијата, геотермалната енергија, сончевата енергија, биомасата и ветерната енергија. Неодамна, како стимулативни мерки за поттикнување на инвестициите во обновливата енергија, донесени се повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија, произведена од мали хидроелектрични централи, ветерни електрани, електрични централи на биогас и фотоволтаични системи. 10 Скопје, 2009

Повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија произведена од мали хидроелектрични централи, усвоени во февруари 2007: Група Количества на испорачана електрична енергија /месечно (kwh) Количества на испорачана електрична енергија /годишно (kwh) Повластена тарифа ( cents/kwh) I 1 85.000 1 1.020.000 12,00 II 85.001 170.000 1.020.000 2.040.000 8,00 III 170.001 350.000 2.040.001 4.200.000 6,00 IV 350.001 700.000 4.200.001 8.400.000 5,00 V over 700.001 over 8.400.001 4,50 Повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија произведена од ветерни електрани: 8,9 cents/kwh, усвоени во мај 2007 Повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија, произведена од електрични централи на биогас и гориво од биомаса, усвоени во ноември 2007: Група Инсталирана снага Повластена тарифа ( cents/kwh) I 500 kw 13,00 II > 500 kw 11,00 Повластени тарифи за купопродажба на електрична енергија, произведена од фотоволтаични системи, усвоени во септември 2008: Група Инсталирана снага Повластена тарифа ( cents/kwh) I 50 kw 46,00 II > 50 kw 41,00 Република Македонија, активно ги следи актите кои се донесуваaт од страна на Европската унија, во областа на обновливи извори на енергија и воедно го подготвува националното законодавство усгласено со регулативите на ЕУ. Во неодамна донесената нова Директива на ЕУ 2009/28г. за поттикнување на користењето на обновливите извори на енергија, дадени се и новите задолжителни цели за учество на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на енергија за секоја земја членка на ЕУ. За да се стимулира користењето на сончевата енергија, кај домаќинствата, Министерството за економија во 2007 и во 2009 година, успешно ја спроведе мерката за субвенционирање на вкупно по 500 домаќинства што поставија сончеви колектори, а кои навремено и уредно ја поднесоа потребната документација. Министертвото за економија, подготвува Стратегија за искористувањето на обновливите извори на енергија како и 11

ревидирање на постојната Стратегија за енергетска ефикасност. Како една од значајните среднорочни активности, во областа на енергетска ефикасност, е реализација на Проект за енергетска ефикасност за згради, кој е предвиден да се реализира во рамки на соработката со Република Австрија во наредниот период. Во Министерството за економија, во тек се активности за избор на Агенција за креација и спреведување на кампања за подигање на јавната свест и едукација Штедете електрична енергија! 4.1 Улога на Агенцијата за енерегетика во поддршката на ОИЕ и ЕЕ Агенцијата за енергетика, на Македонија (АЕРМ), го поддржува спроведувањето на енергетската политика на Владата, преку подготовка на енергетски стратегии, развојни планови и програми, со особен акцент на енергетската ефикасност (ЕЕ) и користењето на обновливи извори на енергија (ОИЕ). Агенцијата за енергетика, има мандат да предводи, дава иницијативи, координира изработка на студии и проекти за ЕЕ и користење на обновливи извори на енергија во насока на успешно исполнување на акциониот план за реализација на Стратегијата за енергетска ефикаснот на РМ. Агенцијата е клучен медијатор за препорака и добивање на финансиска поддршка за проекти во домен за ЕЕ и ОИЕ од донаторите и комерцијалните банки, но директно не финансира проекти. Покрај тоа, Агенцијата обезбедува и посредува за финансирање на проекти од комерцијалните банки преку својот партнер Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) за потенцијални инвеститори и повластени производители на енергија од ОИЕ. Агенцијата обезбедува техничко финансиска поддршка за обуки, семинари, конференции и презентации за подготовка на проекти, професионална надградба и реализација на проекти за ЕЕ и ОИЕ. Специфичните надлежности на Агенцијата, се утврдени од следниве генерални законски претпоставки: Развива и реализира промотивни активности за зголемување на енергетската ефикасност и развивање и зголемена примена на обновливите извори на енергија, преку промоција на современи и поефикасни методи, техники и технологии за штедење на енергијата, супституција на енергентите и воопшто порационално користење на енергијата; Подготвува долгорочни и краткорочни програми; Иницира, предлага и координира изработка на студии и проекти од областа на енергетската ефикасност и зголемување на ефикасноста во експлоатацијата и обновливите извори на енергија преку поттикнување и користење на сончевата енергија, енергијата на ветерот, геотермалната енергија, енергијата добиена од биомаса, и зголемено користење на хидропотенцијалот; Издава сертификати на производителите на електрична енергија од обновливи извори на енергија и води регистар за сертификатите; Предлага вградување на мерки за заштита на животната средина во енергетските проекти; Координира регионални проекти; Подготвува предлози на законски, подзаконски акти и технички прописи од областа на енергетиката. 12

ПРОЕКТ ЗА ОДРЖЛИВА ЕНЕРГИЈА (GEF) Агенцијата за енергетика на Република Македонија (АЕРМ), во рамките на ГЕФ проектот за одржлива енергија, спроведуван преку Светска банка, има можност да помага во оформување на проектни идеи (техничка помош тип-а), при-физибилити и енергетска контрола, (техничка помош тип-б) и финансиска помош во изработка на главни проекти на сите правни лица од РМ кои планираат користење на обновливи извори на енергија (техничка помош тип-в). Проектите не треба во својата вкупна вредност на инвестиција да се поголеми од 4.000,000 $USA. Техничката помош од Агенцијата за енергетика за типовите на техничка помош А и Б е бесплатна, додека последната В е условена со кофинансирање на инвеститорот со негово учество од 30 до 70 %. Покрај техничката помош од АЕРМ, инвеститорите имаат на располагање и фонд за финансирање во Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) за кредитирање на горенаведени проекти каде што сопственото учество на инвеститорот е 10-30%, грејс период до 3 години и период на враќање до 10 години. Примери за прифатливи проекти во рамките на ГЕФ проектот: 1. Сточарска фарма, можни се воведувања на следни типови технологии: - искористување на шталско ѓубре - изградба на постројка за добивање на биогас која се состои од септичка јама, придружна инсталација и комбинирање постројка за производство на топлинска и електрична енергија со можност за испорачување во електродистрибутивен систем; - поставување на сончеви колектори за загревање на вода и простор; - поставување на мали ветерници за загревање на простор и вода преку електрични грејни тела или испорачување кон електродистрибутивен систем. 2. Лозови и овоштарски насади: - собирање на прачките што се отпад од кроење и нивно мелење до пелети за понатамошна продажба или сопствено користење како финална енергија во печки на пелети или парни котли на пелети. 3. Енергетска ефикасност на станбени и производни градежни објекти, преку подобрување на термичка изолација, замена на прозори и замена на постоечки грејни уреди со поефикасни. 13

5 животна Обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност, чекор напред кон заштита на животната средина - мерки за поддршка на Министерството за средина и просторно планирање Република Македонија, како земја кандидат за членство во ЕУ, своите политики во климатските промени ги базира и усогласува со генералните политики, на ниво на Европската унија. Нашата земја е потписничка на Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени и не претставува голем емитер на стакленички гасови, меѓутоа го почитува принципот на Конвенцијата за заеднички одговорности во стабилизирањето на стакленичките гасови во атмосферата. Владата на Република Македонија, го има ратификувано протоколот од Кјото кон Рамковната Конвенција на ОН за климатски промени, ги препозна поволностите кои произлегуваат со спроведувањето на еден од трите механизми на Протоколот од Кјото (т.н. механизам за чист развој, Clean Development Mechanism-CDM), како дополнителен механизам во привлекување на странски инвестиции во земјава. Целта на механизмот е: да им се помогне на индустриски развиените земји (наведени во Анекс 1 на Кјото Протоколот ) да ги исполнат своите обврски во однос на намалување на емисиите и да се придонесе кон одржлив развој на земјите кои не се индустриски развиени земји ( како што е во моментов статусот на нашата држава). Првата цел им овозможува на развиените земји да исполнат дел од нивните обврски за намалување на стакленичките гасови преку проекти во земјите во развој или во транзиција кои ги намалуваат емисиите на стакленички гасови преку промовирање на обновлива енергија, енергетска ефикасност, подобрување на управувањето со отпадот, пошумување и други активности со кои се заробуваат емисиите на стакленички гасови. Втората цел на CDM им овозможува на земјите во развој, да привлечат дополнителни инвестиции за постигнување на своите цели на одржлив развој, преку продажба на потврдени намалувања на емисии (CER) како резултат од спроведувањето на CDM проекти. Земјата инвеститор, потоа може да ги вклучи таквите CER-ови во вкупното намалување на емисиите, во однос на сопствените национални обврски за намалување на стакленички гасови. Владата на Република Македонија, во февруари 2006 г., ја усвои Националната стратегија за првиот период на обврски според Протоколот од Кјото 2008-2012, со што се усвоија и правилата и процедурите за спроведување на проекти, според овој механизам. Тие се транспарентни и достапни на веб- страницата на Министерството (www. moepp.gov.mk, www.unfccc.org.mk). Ние сме првата земја од регионот која постави надлежен национален орган за координирање на активностите за спроведување на овој механизм и истиот е вграден во изменетиот и дополнет Закон за животна средина. Националната стратегија, за првиот период на обврски, според Протоколот од Кјото 2008-2012г. дава преглед на потенцијалот за јаглеродно финансирање во повеќе области, како: сектор енергија (со потсекторите енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори, рехабилитација на големи хидроелектрани и замена на горива), секторот отпад (општински и индустриски отпад, како и отпад од секторите земјоделие 14 Скопје, 2009

и шумарство) како и самиот сектор шумарство (како впивател на јаглеродниот диоксид). Земјоделскиот сектор игра многу важна улога во македонската економија и сочинува повеќе од 10% од БДП на земјата. Според тоа, и овој сектор е еден од најголемите производители на отпад. Не постојат формални системи на прибирање на отпадот од земјоделието, освен системите на самите одделни земјоделци и земјоделски претпријатија. Според НЕАП, практиките на управување со земјоделски отпад во Македонија, се застарени и често не ги исполнуваат техничките и еколошките барања: Употребата на биоенергија, особено производството на биогас од земјоделски отпад, може потенцијално да стане значаен алтернативен извор на чиста и еколошки безопасна енергија за македонскиот земјоделски сектор. Присуството на големи количества органски отпад, е потенцијален извор на биогас, кој може да се добие од отпадот преку анаеробен дигестивен процес и потоа да се употреби за производство на топлина и електрична енергија. Од тековната перспектива на пазарот на CDM, едни од најатрактивните проекти, во македонскиот земјоделски сектор, може да бидат оние кои целат кон изградба на биодигестатори за добивање и употреба на биогас од фармите на добиток и живинарските фарми, поради тоа што тие доведуваат до намалување на емисиите на метан (СН 4 ), стакленички гас чијшто потенцијал за глобално затоплување е 21 пат поголем од оној на СО 2. Овој вид проекти има добар потенцијал во Македонија, поради присуството на голем и добро развиен сектор на живинарство и сточарство. Освен тоа, проектите за управување со земјоделскиот отпад, обично се поврзани со значителна социјална и еколошка полза за локалните заедници, како што се нови можности за вработување квалификувана рурална работна сила, производство на евтини и еколошки чисти ѓубрива за земјоделците и одделните семејства, како и намалување на загадувањето со нитрати и намалување на мирисот од арското ѓубриво. Постоењето на одобрени CDM методологии, краткиот период на спроведување и умерените трошоци за отпочнување дејност, го прават овој вид проекти интересен за потенцијалните CDM инвеститори. Во нашата држава, веќе се спроведуваат поголем број проекти според овој механизам, во различни сектори. Министерството за животна средина и просторно планирање, досега има издадено 5 писма на немање забелешки и 2 писма на одобрување на поднесени CDM проекти, како неопходен чекор во финалното одобрување/одбивање на проектот, од страна на авторизирано тело за регистрација на проектите, формирано од страна на Обединетите Нации. Во РМ постои висок потенцијал за јаглеродно финансирање. Македонската економија се карактеризира со релативно високо ниво на потрошувачка на енергија и емисии на стакленички гасови на единица БДП (едно од највисоките нивоа во земјите од Централна и Источна Европа). Високиот сооднос на емисии на стакленички гасови, наспроти економските резултати (интензитет на стакленички гасови или на јаглерод) сигнализира висок степен на ефективност на потенцијалните CDM проекти, затоа што навестува дека за 1 долар инвестиции може да се постигнат големи намалувања на емисиите на стакленички гасови. Релативно повисокиот потенцијал на Македонија, за намалување на емисиите, во однос на другите земји од Централна и Источна Европа, исто така произлегува од фактот што енергетскиот сектор во Македонија, во голема мера зависи од термоенергијата која е заснована на јаглен и лигнит, па така сите мерки кои се замени за користењето на јаглен и лигнит, имаат изгледи да доведат до големи намалувања на емисиите и според тоа, да станат поатрактивни за CDM. 15

6 во Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност проектот АгроЕнергија Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРД, го имплементира на проектот Промоција на одржливи земјоделски практики, енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во руралните заедници на Република Македонија AгроЕнергија, финансиран од Sida - Шведската агенција за соработка и развој. За прв пат во нашата земја, во рамките на проектот Агроенергија, е направен обид за поврзување на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност со земјоделството и руралните средини. Проектот функционира во согласност со меѓународните и националните активности кои се однесуваат на климатските промени, следејќи ги целите на Европската унија за зголемување на уделот на енергијата од обновливи извори во вкупната потрошувачка на енергија, Стратегијата за енергетика на Република Македонија, Програмите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Стратегијата на Министерството за заштита на животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот се извршени истражувања на потенцијалите на обновливите извори на енергија како и можностите за подобрување на енергетската ефикасност во земјоделското производство и руралните средини. Во рамките на проектот се изготвени 12 студии. Од областа на обновливите извори на енергија изготвени се следниве студии: Студија за потенцијалите и оптималното искористување на сончевата енергија ; Студија за потенцијалите и оптимално искористување на ветерна енергија; Студија за енергетскиот потенцијал на биомасата од шумарството; Студија за можностите за производство на биогас од биомаса; Студија за можностите за производство на биогориво; Студија за искористување на остатоците од земјоделски растенија и можностите за конверзија на нивната енергија на фарма; Студија за техники на компостирање во одржливо земјоделство и руралните заедници во Република Македонија. Од областа на енергетската ефикасност, изготвени се следниве студии: Студија за потенцијалот за заштеда на енергија во свињарските фарми, Студија за потенцијалот за заштеда на енергија во живинарските фарми, Студија за потенцијалот за заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија во производството и преработката на млеко; Студија за потенцијалот за заштеда на енергија и користење на обновливи извори на енергија во производството на раноградинарски култури во заштитени простори; Студија за потенцијалот за изградба на еко- куќи. Сите овие студии даваат насоки и препораки за примена на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност во земјоделството и руралните средини. Студиите даваат примери за пилот проектни единици од мал обем, кои може да се имплементираат во руралните средини на различни видови на фарми. За секоја од избраните пилот единици, изработени се и мали бизнис планови, со цел да се добијат податоци за вложувањата и заштедите при нивната употреба. 16 Скопје, 2009

Пилот единиците ќе бидат поставени низ целата држава, во текот на наредните две години. Овие пилот единици ќе служат како мали центри за обуки каде што фармерите ќе имаат можност да се запознаат со технологијата и процесите за најдобро искористување на обновливите извори на енергија на фармите во руралните средини. Проектот ќе учествува со кофинансирање на опремата заедно со крајните корисници (фамерите, селата), вклучувајќи ги и другите чинители како општините, организациите на фармери, асоцијациите и др. Поради сложеноста и големиот бројот на институции, вклучени во процесот поврзан со обновливи извори на енергија и енергетска ефикаксност, специфично во земјоделството и руралните средини, проектот АгроЕнергија, во текот на наредните години, интензивно ќе работи на зајакнување на капацитетите на институциите, општините и другите организаци кои се носители и вклучени во оваа област. АгроЕнергија ќе воспостави мрежа која ќе биде активна во овој специфичен сектор. Мрежата ќе работи на подобрување на условите и состојбата, во однос на искористувањето на обновливите извори на енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност, со цел да се зголеми учеството на овој сектор во намалување на ефектот на климатски промени. 6.1 Препораки од студиите изработени во рамките на преоктот Агроенергија Употреба на опрема за користење на растителните остатоци како извор на енергија (печки и бојлери кои работат со растителни остатоци). Енергијата од растителните остатоци може да се произведува и да се користи локално во руралениот развој. Користењето на растителните остатоци, како извор на енергија, воедно ја промовира земјоделска дејност, создава нови работни места и ја диверзифицира понудата на економски активности во руралните средини. Поради многу ниската цена на растителните остатоци, енергијата добиена од нив е многу евтина. Користење на сламата е 3,5-5 пати поевтино отколку да се користат други горива кои се на располагање во земјата. Доколку се користат брикети и пелети произведени од режени остатоци (набавени по пазарна цена од 7,5 ден/кг) цената е приближна на цената на користење на огревно дрво. Користењето на растителните остатоци, како извор на енергија, е дејност што може да се промовира во склоп на механизмите за чист развој, особено ако една од активностите е субституција на фосилни горива или електрична енергија со енергија од биомаса. 17

Потребно е информирање на населението за: - значењето на шумската и земјоделската биомаса и нејзините еколошки вредности; - можностите и начините за собирање на шумската и земјоделската биомаса, како и за можноста за нејзина преработка во биогено гориво; - за социјалните и економските ефекти од воведувањето на технологиите за преработка на шумската и земјоделската биомаса во нивната средина. Процесот за производство на биогас, игра главна улога во рециклирањето на биомаса во урбаните и руралните средини. Една од предностите на биогас технологијата, е што може да се искористи локално, без потреба од транспорт на големи далечини или увоз на суровини. Мали или средно големи компании и локални власти, можат да основаат биогас постројки. Организирано одгледување на маслодајна репка за производство на семе или негово процесирање до сурово масло како суровина на индустријата за биодизел. Технологиите за користење на сончева енергија во земјоделството, треба да се промовираат, посебно во производството на топла вода за потребите на фармата. 18 Скопје, 2009 Ветерните турбини треба да се промовираат во комбинација со соларни фотонапонски системи, или друг комплементарен извор на енергија. Овие хибридни системи треба да служат како добри примери за најефективно искористување на различни енергетски извори на дадена локација. Понатаму, за уште повисоки постигнувања, овие системи треба да се комбинираат со соодветно дизајнирани мерки за енергетска ефикасност. Ветерните турбини не се технологија за масовно користење во руралните средини во Македонија. Изборот на соодветна локација е многу тежок како резултат на чувствителност на брзината и другите карактеристики на ветрот и на потребата од повеќегодишни мерења. Потребно е воведување на клучни практики за енергетска ефикасност во одгледувањето на добиток преку: градење на соодветни фарми, соодветно планирање на изолација на објектите, користење на модели за докажување на енергетска ефикасност на фармите, соодветно одржување на фармите и нивна реконструкција, користење на модерна опрема со подобрена енергетска ефикасност. Потребно е воведување на клучни практики за заштеда на енергија во фармите низ: раководење на енергетските заштеди на фарма, следење на исправноста на опремата, следење на енергетската потрошувачка на фарма за греење, вентилација, ладење и осветлување, оптимална исхрана. Потребно е спроведување на енергетски мерења на конкретни фарми со термографска опрема, заради воспоставување на енергетски лични карти на фармите и нивен попис поврзан со единствениот идентификациски број на земјоделски стопанства.

Објектите направени од алтернативни конструктивни материјали, се поевтини. Според критериумите со кои се утврдува дали градежниот матерјал е одржлив и еколошки, во руралните заедници, може да се користат алтернативните конструктивни материјали, како што е случај со каменот, дрвото, дрвената иверка, оризова арпа и други. Со релативно ниски трошоци, може да се применат соодветни технологии за заштеда на енергија во процесите на производство и преработка на млекото. Енергетската ефикасност на оранжериите, може да се подобри со: минимализирање на откриената површина, селекција на покривен материјал, ѕидна изолација, термални мрежи, поставување на ветробрани, обезбедување на затворен проток на воздухот (изолација) и одржување на опремата за загревање. Производството на добар и квалитетен компост е условено од сепарирано собирање на земјоделски органски отпад. Сепак, пред да се воспостави систем за одделно собирање на органскиот отпад, треба да се воспостави систем за управување со отпад во фармите и воопшто во земјата. За руралните средини во земјата, се препорачува технологија на компостирање, со помош на кутии. Ова секако побарува локација која не е блиска до урбани средини, поради емисиите на миризба. 19

КОНТАКТИ ЦеПроСАРД Центар за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој адреса: ул. Орце Николов бр. 155, 5/2 Скопје, Република Македонија телефон / факс: + 389 2 3061 391 info@ceprosard.org.mk www.ceprosard.org.mk Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Јуриј Гагарин бр. 15 1000 Скопје тел: (02) 3134 477 факс: (02) 3134 477 www.mzsv.gov.mk Министерство за економија Јуриј Гагарин бр.15 1000 Скопје www.economy.gov.mk Агенција за енергетика на Република Македонија Бул. Климент Охридски 58б - 2/2 tel./faks +389 2 3230300 http://www.ea.gov.mk Министерство за животна средина и просторно планирање Бул. Гоце Делчев бб 1000 Скопје Тел:+389 3 251-400; Факс:+389 3 220-165 infoeko@moepp.gov.mk Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Ул. Скупи 3а 1000 Скопје Тел: + 389 (0) 2 3097 450 / +389 (0) 2 3097 454 ipardpa.info@ipardpa.gov.mk Скопје, 2009